Почетна    Е-банкарство    English    Shqip
Пребарај:

| Íà¼àâà
Контакти


     Инфо од 08:00 до 16:00 на

         Тел:  + 389 2 3200 618

                   + 389 2 3200 750

        Факс: + 389 2 3200 649

                
      



E-Банкарство
Со електронското банкарство на Шпаркасе Банка Македонија имате комплетен и постојан контакт без оглед на тоа каде се наоѓате. Шпаркасе Банка Македонија Ви овозможува лесно плаќање на Вашите налози и целосен увид во состојбата на Вашата сметка 24 часа на ден, седум дена во неделата, 365 дена во годината.
Електронското банкарство netBanking е систем на плаќање кој Ви овозможува брзо и безбедно вршење на електронско (безготовиснко) плаќање, без притоа да доаѓате на шалтерите во Банката.

Со Електронското банкарство netBanking ги добивате следните услуги како Единствен пакет:

• Е-banka - Eлектронско плаќање преку денарска сметка
• Web Servis - Следење на денарска сметка
• Web Dev - Следење на девизна сметка и депозити во денари и девизи
• Web Creditcard - Следење на расположливо салдо на кредитна картичка
• Web Mail - Достава на извод по е-маил од денарска трансакциска сметка и кредитна картичка
(Сите погоренаведени услуги се однесуваат за правни и физички лица)

Можности на системот за електронско банкарство

Електронското Банкарство на Шпаркасе Банка Македонија Ви овозможува на брз, ефикасен и безбеден начин да ги извршувате Вашите банкарски услуги во било кое време и од било кое место каде што имате пристап до Интернет 24 часа на ден, седум дена во неделата, 365 дена во годината.
Електронското Банкарство на Шпаркасе Банка Македонија Ви овозможува целосен увид на состојбата на Вашата сметка, брзо и безбедно плаќање на налози по електронски пат (безготовински), со употреба на најсовремени технологии за заштита на податоците и со повеќе предности во однос на класичниот начин на извршување на платниот промет во земјата.

Како корисник на Електронското Банкарство на Шпаркасе Банка Македонија имате можност за:
• Следење на состојбата и прометот на Вашата денарска трансакциска сметка
• Следење на состојбата и прометот на Вашата девизна трансакциска сметка
• Преглед на состојба и промет на Вашите кредитни картички
• Добивање на извод за кредитна картичка по е-маил во пдф формат
• Следење на сите депозитни партии
• Плаќање на налози со ПП30 и ПП50
• Можност за плаќање со поединечен и колективен потпис
• Реализација на плата со налог ПП53
• КИБС – НАПС посебен образец за плаќање данок на имот
• Плаќање на рата од кредит и кредитна картичка со соодветен образец
• Плаќање на сметки за ВИП и ЕВН со соодветен образец
• Можност за експортирање на сите извештајни форми во ексел, ворд, тхт формат и МТ940
• Можност за експортирање на налози во соодветен формат
• Можност за импортирање на налози генерирани од надворешни сметководствени апликации во соодветен формат
• Плаќање на месечни режиски трошоци
• Плаќање кон сите физички и правни лица, учесници во платниот промет во земјата
• Пренос на средства меѓу сопствени сметки

Следење на состојбата и прометот на Вашите денарски и девизни сметки
- имате можност со еден клик на компјутерот да имате увид и контрола на целокупната Ваша финансиска состојба, увид во моменталната состојба на сите Ваши денарски и девизни сметки во било кое време и од било кое место каде што имате пристап до Интернет.

Превземање на изводи
- за сите Ваши денарски и девизни сметки имате можност да ги превземете изводите откако ќе се најавите во системот за Електронско Банкарство. Секој извод можете да го испечатите или да го превземете.

Добивање на е-маил од денарски сметки и кредитни картички
- известување од секоја промена на Вашите денарски сметки добивате на е-маил адреса која што ќе ја доставите во барањето доставено до Шпаркасе Банка Македонија
- еднаш месечно (на почетокот од секој месец) добивате известување за трансакциите кои сте ги направиле од Вашата кредитна картичка и минималниот износ кој треба да го уплатите.

Плаќања – физички лица
- од Вашата денарска трансакциска сметка може да ги плаќате Вашите сметки за режиски трошоци (сметка за струја, вода, парно, телефон мобилен телефон и др)
- можете да плаќате обврски кон Шпаркасе Банка Македонија и други банки (рата за кредит, услуга за користење на сеф, долг по однос на кредитни картички)
- можете да плаќате даноци и придонеси
- можете да вршите пренос на средства помеѓу Вашите сметки
За користење на сервисот за плакање преку електронското банкарство на Шпаркасе Банка Македонија, добивате УСБ-токен со дигитален сертификат. Дигиталниот сертификат е замена за рачниот потпис и секое плаќање (безготовински) преку сервисот за електронско банкарство, треба задолжително да биде потпишано си дигиталниот сертификат.

Плаќање – правни лица
- плаќање кон сите физички и правни лица, учесници во платниот промет во земјата
- можност за реализирање на налози за пренос на плата ПП53 (без месечен надомест, доколку преносот на плата се врши преку наменска сметка)
- плаќање на обврски по кредити и кредитни картички
- пренос на средства помеѓу сметки
За користење на сервисот за плаќање преку електронското банкарство на Шпаркасе Банка Македонија, секое лице кое е потписник на Вашта сметка добива УСБ-токен со дигитален сертификат. Дигиталниот сертификат е замена за рачниот потпис и секое плаќање кое се реализира (безготовински) треба да биде потпишано со еден или два дигитални сертификати, во зависност од начинот на потпишување (поединечно или колективно).

Корисници на електронско банкарство

Како корисници на сервисот за електронско банкарство можат да се вклучат:

- Сите правни лица кои имаат отворено денарски и девизни сметки во Шпаркасе Банка Македонија. Физичкото лице кое законски е овластено за застапување на правното лице може да овластува други лица за работа со сервисот за електронско банкарство. Дигитални сертификати за електронско потпишување на налозите можат да добијат само овластените потписници на денарската сметка.

- Сите физички лица кои имаат отворено денарски и девизни сметки во Шпаркасе Банка Македонија. Сопственикот на сметката може да овластува други лица за работа со сервисот за електронско банкарство. Дигитален сертификат за електронско потпишување на налозите може да добие само сопственикот на сметката.

Предности од Електронското банкарство 

Како корисници на Електронско Банкарство ги добивате следниве предности:

• заштедувате од Вашето скапоцено време
• заштедувате ресурси
• имате детален увид во Вашите сметки од било кое место во светот каде што имате пристап до Интернет
• вршите плаќања од дома или од Вашето работно место
• плаќате пониска провизија на реализираните налози
• имате увид во сите производи и услуги на Банката кои ги користите
• навремено се информирате за сите нови производи и услуги кои Банката ги воведува

 

Прва најава на системот за електронско банкарство 

1. Кликнете на полето Е-Банкарство Логирање

Во случај на проблем при најавата побарајте помош на следниве телефони:
• (02) 3200-618
• (02) 3200-750

2. Внесете корисник и лозинка доделени од Шпаркасе Банка Македонија.

Внесените корисник и лозинка потврдете ги со притискање на копчето Логирај!

3. При првото најавување задолжително ја менувате лозинката доделена од Шпаркасе Банка Македонија.

Со првото внесување на лозинката се отвара полето за Менување на лозинка, каде што по Ваш избор внесувате нова лозинка која содржи минимум 8 знаци/карактери во комбинација од голема буква, мала буква, специјален знак и број.
Новата лозинка ја потврдувате со повторно внесување и притискање на копчето промени.

4. Се најавувате со Вашето корисничко име и новата лозинка.

Со клик на линкот кој ќе се појави Притиснете овде за најавување на системот! Потребно е да ги внесете корисничкото име и новата лозинка и со притискање на копчето Логирај се вклучувате во системот за Електронско Банкарство.


* При секое следно најавување ја користите Вашата нова лозинка, која по Ваша желба можете повторно да ја менувате.

 

Надоместоци, трошоци и провизии

• Физички лица
o Единствен пакет на услуги netBanking - Без надомест
o Тарифи за реализирани налози – Тарифник за физички лица
• Правни лица
o Единствен пакет на услуги netBanking – Месечна провизија според тарифник за правни лица
o Тарифи за реализирани налози – Тарифник за правни лица

 

Колку е сигурно Електронското Банкарство ?

За пристап во системот за Електронското Банкарство добивате корисничко име и лозинка, со кои се идентификувате при Вашето највување и при првото највување задолжително ја менувате лозинката и самостојно генерирате нова лозинка.

За вршење на плаќања користејќи го системот за Електронско Банкарство задолжително добивате дигитален сертификат кои се користи за потпишување на налозите.

Сите податоци кои се разменуваат се шифрирани и достапни се само за оној за кого се однесуваат.

За високиот степен на сигурност можете да придонесете и Вие, со тоа што ќе дефинирате “силна” лозинка почитувајќи неколку едноставни правила:
- лозинката да содржи најмалку 8 карактери
- да биде комбинација од голема буква, мала буква, број и специјален знак
- да не го содржи Вашето име или имињата на Вашите најблиски
- не ја кажувајте лозинката никому.

При користење на системот за Електронско Банкарство, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје никогаш нема да Ви побара да внесете број на платежна картичка, ПИН или други лични податоци.

 

Како да се пријавите за Електронско банкарство netBanking ?

Како да станете корисник на NetBanking :
Корисник на услугите на NetBanking може да станете на многу едноставен начин.Доколку веќе имате отворено трансакциска сметка,доволно е во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје да пополните пристапница за оваа услуга.Оваа пристапница е достапна и нашата интернет страна.
Доколку немате отворено трансакциска сметка,освен пополнета пристапница потребно е :
• Да отворите трансакциска сметка и
• Да доставите копија од лична карта / патна исправа
Доколку сте правно лице кое веќе го обавува платниот промет преку Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје,доволно е само да пополните пристапница за електронско банкарство.
Шпаркасе Банка Македонија може да Ви понуди избор меѓу неколку пакети,одделно за правни и физички лица.
Посетете ја било која експозитура на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје одберете еден од пакетите за правни или физички лица и пополнете формулар.
 Каматен калкулатор
 Курсна листа
 

Е-Банкарство логирање

E-Banking Login