NetBanking - Електронско банкарство

Искористете ги сите нови предности на новата платформа

  • промена на лимит на дебитни и кредитни картички без надоместок;
  • блокирање на сопствена картичка;
  • менувачко работење (конверзија на валута);
  • Personal Finance Manager - услуга која овозможува анализа на трошоците, нивно планирање и поставување цели;
  • календар на настани;
  • интерактивен приказ на локации на експозитури и банкомати

Реализирајте ги банкарските потреби во секое време и од кое било место, независно од работното време на Банката. Користете ги услугите на електронско банкарство од дома или во канцеларија. Со услугата електронско банкарство може да бидете сигурни дека имате највисоко ниво на безбедност за заштита на вашите сметки и лични податоци.

Во секое време имате можност да ја дознаете состојбата на вашата сметка, депозит, кредитна картичка или кредит, брзо и едноставно да плаќате сметки.

Можности со IndividualNet

  • преглед на состојбата на денарска и на девизна трансакциска сметка;
  • преглед на состојбата на депозити и штедни книшки;
  • преглед на состојбата на кредити и кредитни картички;
  • преземање изводи од денарска трансакциска сметка, кредитна картичка и генерирање амортизациски план за кредити;
  • добивање извод по email од денарска трансакциска сметка и кредитна картичка;

За користење на пакетот услуги IndividualNet клиентот добива корисничко име и активациски код. Со внесување на корисничкото име и активацискиот код во апликацијата, потребно е клиентот самостојно да си креира нова лозинка преку која во иднина ќе се најавува во апликацијата за електронско банкарство.

Можности со IndividualNet Plus

  • преглед на состојбата на денарска и на девизна трансакциска сметка;
  • преглед на состојбата на депозити и штедни книшки;
  • преглед на состојбата на кредити и кредитни картички;
  • преземање изводи од денарска трансакциска сметка, кредитна картичка и генерирање амортизациски план за кредити;
  • добивање извод по email од денарска трансакциска сметка и кредитна картичка;
  • плаќање кон сите физички и правни лица (ПП30 и ПП50);
  • плаќање на обврски по кредит и кредитна картичка;
  • плаќање на режиски трошоци преку соодветни форми;

За користење на пакетот услуги IndividualNet клиентот, освен корисничко име и лозинка неопходно е да користи и sToken апликација за идентификација (најава) и автентикација (потпишување) на трансакциите преку апликацијата за електронско банкарство за физички лица.

Сигурна и едноставна пријава

Пријавете се за користење на услугата електронско банкарство брзо и едноставно преку внесување на основните податоци за идентификација.

Доколку поседувате активна платежна картичка од Шпаркасе Банка Македонија имате можност да аплицирате онлајн за електронско банкарство и да станете корисник на оваа услуга за неколку секунди.

Трошоци и надоместоци

ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

IndividualNet (преглед) - месечен надоместок

0 МКД

IndividualNet Plus (преглед и плаќање) - месечен надоместок

0 МКД

Еднократен надоместок за издавање sToken апликација

300 МКД

МОБИЛНО БАНКАРСТВО ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

      Месечен надоместок за услугата S-Banking мобилно банкарство

60 МКД

      Еднократен надоместок за услугата S-Banking мобилно банкарство

400 МКД

ТАРИФИ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НАЛОЗИ ОД ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКО И МОБИЛНО БАНКАРСТВО

 Безготовински плаќања преку интерен клиринг

7 МКД

      Безготовински плаќања преку КИБС

15 МКД

      Безготовински плаќања преку МИПС

100 МКД

      Безготовински плаќања за кредит и кредитна картичка

0 МКД

      Безготовински плаќања (режиски трошоци)*

0 МКД

ИЗДАВАЊЕ НА ДИГИТАНИ СЕРТИФИКАТИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

1 година

2 години

3 години

Издавање на Верба К2

2 000 МКД

2 500 МКД

3 000 МКД

Верба К2 на сопствен УСБ - токен

800 МКД

1 200 МКД

1 600 МКД

Обнова на дигитален сертификат

500 МКД

900 МКД

1 400 МКД

Деблокирање на дигитален сертификат

300 МКД

Поништување на дигитален сертификат

500 МКД

Прва инсталација и обука

0 МКД

Интервенција во простории на корисникот (со барање и работен налог)

350 МКД

* Компании со кои Банката има склучено договор (ЕВН Македонија, БЕГ, Македонски Телеком, РОБИ Телекабел).

СМС известување

Добивајте СМС пораки за секоја ваша трансација.

sToken

Го прави користењето на електронско банкарство привлечно.

Електронско банкарство

Носете ја банката секаде со вас.

Извод на e-mail

Договорете си online поштар секој месец.