Како да станам корисник на sToken?
За да може да ја користите Шпаркасе S-Token апликацијата потребно е да пополните пристапница за електронско банкарство – IndividualNet Plus во една од експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. По пријавата на мобилниот телефонски број наведен во пристапницата ќе ви биде доставен линк за инсталација на апликацијата S-Token. Дополнително добивате корисничко име (email) и иницијална лозинка (СМС).
При првата најава во апликацијата потребно е да се внесат корисничко име (email) и иницијална лозинка (СМС) кои ги бара апликацијата и потоа ќе ви биде понудена можност за внес и потврда на PIN, кој ќе се користи за сите идни најави на Шпаркасе S-Token апликацијата. Пристап до интернет е потребен само при инсталирање на апликацијата, активацијата (првото најавување на апликацијата) и при дефинирање на PIN-кодот. Откако апликацијата успешно ќе ја преземете и ќе ја активирате, не е потребен пристап до интернет – со тоа апликацијата за генерирање на еднократна лозинка S-Token е достапна насекаде во светот.