Бесконтактно плаќање

Сигурно. Брзо. Лесно.

Шпаркасе Банка Македонија е една од првите банки која ја воведе бесконтактната технологија кај платежните картички од брендот Mastercard, а одсега достапни и бесконтактните картички од брендот Visa. Со бесконтактните картички трансакцијата ја извршувате самостојно - доволно е да ја доближите картичката до ПОС уредот и Вашата трансакција ќе биде реализирана за неколку секунди без внесување на PIN. 

Плаќајте без вмнесување на PIN за износи до 1.100МКД со платежните картички од брендот Visa и до 750МКД со платежните картички од брендот MasterCard. Со користење на Visa и MasterCard бесконтактните картичка немате причина за загриженост бидејќи плаќањето е максимално сигурно и брзо.

Брзо и едноставно плаќање

износ под 750 МКД со MasterCard

без авторизација со PIN

износ над 750 МКД со MasterCard

трансакцијата се авторизира со PIN

износ под 1.100 МКД со Visa

без авторизација со PIN

износ над 1.100 МКДсо Visa

трансакцијата се авторизира со PIN

Упатство за користење:


1

Доближете ја картичката до бесконтактниот читач на картици (ПОС уред).

2

Ако износот на трансакцијата е поголем од 750 МКД со MasterCard или 1.100 МКД со Visa, внесете PIN.

3

Купувањето е успешно реализирано.

Предности:

  • контрола над картичката бидејќи не ја предавате во рацете на продавачот
  • брзината на плаќањето оневозможува копирање на податоци од картичката
  • нема можност за случајно плаќање бидејќи картичката мора да се доближи до уредот за плаќање
  • една трансакција не може да се наплати повеќепати, ако картичката не се доближи до уредот повеќе пати

Корисни совети:

  • редовно вршете проверка на прометот и состојбата на сметката која е поврзана со платежната картичка
  • никогаш не ја оставајте картичката надвор од видното поле
  • веднаш пријавете во банка доколку сметате дека вашата картичка е злоупотребена или изгубена
  • побарајте од трговецот слип како потврда за успешно реализирано плаќање

Сигурност пред се.

Шпаркасе Банка ги штити финансиските информации и приватност на своите клиенти преку користење на високи сигурносни мерки.

Плаќањето со бесконтактните картички од брендовите Visa и Mastercard се одвива сигурно и брзо, поради тоа клиентите немаат причина за загриженост. Бесконтактната услуга е имплементирана според највисоките сигурносни стандарди, а комуникацијата помежу картичката и уредот каде се плаќа е пропишана со меѓународни стандарди.

Корисникот е обврзан редовно да ги следи трансакциите со бесконтактната картичка. Во случај на губење или кражба на картичката, корисникот мора веднај да ја информира Банката на телефонскиот број 02 3200 600.