Картички кои учестваат во Mastercard cash-back кампања

Во кампањата „Илјада причини за среќа“ учествуваат сите корисници (физички лица) на следниве картички издадени од Шпаркасе Банка АД Скопје:

  • Mastercard Debit Standard дебитна картичка;
  • Mastercard Gold Debit дебитни картичка;
  • Mastercard Standard кредитна картичка.
  • Mastercard Gold кредитна картичка.
  • MasterCard Platinum кредитна картичка

Услови за учество

Кампањата „Илјада причини за среќа“ започнува на 24.12.2021 и ќе трае до 31.01.2022 година или до искористување на средствата предвидени за  кампањата.

Квалификувани  за  учество  во  Кампањата  се  сите  полнолетни  физички  лица – државјани  на  Република Северна Македонија,  кои се корисници на било која од платежните картички за физички лица од брендот Mastercard на Шпаркасе Банка АД Скопје, кои на денот на доделување на повратот (cashback) немаат достасани, а неподмирени обврски кон ОРГАНИЗАТОРОТ кои произлегуваат  од  користењето на Mastercard платежните картички за физички лица на Шпаркасе Банка АД Скопје

Еден учесник во Кампањата има право да добие само еден поврат на средства.

За сите дополнителни информации во врска со условите за кампањата обратете се во експозитурите на Шпаркасе Банка или јавете се во контакт центарот на 02 15 050.