"Лето во Барселона"

сo Mastercard® Debit!"

Влези во игра за едно од 3-те патувања за двајца во Барселона

со обезбедени авио билети,

хотелско сместување и 100 евра џепарлак за добитникот

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Квалификувани за учество во Наградната игра се полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија на возраст од 18 години до навршување на 28 години, кои се нови или постоечки корисници на S, М, L, Премиум пакет или Пакет за млади со вклучена Mastercard® Debit бесконтактна дебитна картичка за физички лица издадена од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Новите корисници кои аплицирале за еден од пакетите со вклучена Mastercard® Debit бесконтактна картичка за времетраењето на наградната игра добиваат една шанса за учество. Како потврда за учество ќе се смета поднесено Барање за S, М, L, Премиум пакет или Пакет за млади со вклучена Mastercard® Debit бесконтактна картичка во една од експозитурите на Банката.

Посточеките корисници на еден од пакетите со вклучена Mastercard® Debit бесконтактна картичка добиваат една шанса за учество со направени минимум 5 (пет) трансакции на било кој износ со Mastercard® Debit бесконтактна картичка. При извлекувањето ќе бидат земени во предвид збирот од бројот на трансакциите направени почнувајќи од 15.06.2019 од 00:00 часот до 23:59 часот на 31.07.2019 година со Mastercard® Debit бесконтакта картичка.

Правила на наградната игра

Наградната игра започнува на 15.06.2019 и ќе трае до 31.07.2019 година.

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на на 07.08.2019 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со адреса ул. Македонија 9-11, Скопје.

Правилата на наградната игра „Лето во Барселона сo Mastercard® Debit!!“ може да ги погледнете на линкот во продолжение.

Доколку сакате да се откажете од учество во наградната игра потребно е да ја пополните оваа изјава. За сите дополнителни информации во врска со условите за наградната игра обратете се во експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија или јавете се во контакт центарот на 02 3200 600.

Награди

Во Наградната игра ќе бидат доделени

Три патувања за двајца во Барселона со обезбедени авио билети, хотелско сместување и 100 ЕУР џепарлак* за добитникот на наградата.

*Секој добитникот на награда има право по сопствен избор да одбере еден сопатник за наградното патување. Секој добитник на награда ќе добие парични средства во износ 6.150 МКД на Mastercard® Debit картичка издадена од Шпаркасе Банка. Сопатникот нема право на награда парични средства на Mastercard Debit картичка издадена од Шпаркасе Банка.

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на Наградната игра.

СМС известување

Добивајте СМС пораки за секоја ваша трансација.

sToken

Го прави користењето на електронско банкарство привлечно.

Електронско банкарство

Носете ја банката секаде со вас.

Извод на e-mail

Договорете си online поштар секој месец.