Старателско работење

  • Едноставен и брз пристап до сите значајни регионални пазари (СЕЕ Линк членки)   
  • Исполнување на индивидуалните потреби на клиентите

„Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје" ја извршува услугата чување хартии од вредност.

Видови старателски услуги

Видови старателски услуги што „Шпаркасе Банка Македонија" ги нуди на клиентите, домашни и странски, правни и физички лица, на домашниот и на странските пазари:

  • отворање и водење старателски сметки на хартии од вредност, како и старателски парични (денарски и девизни) сметки и известување за состојбата на имотот на тие сметки;
  • порамнување и извршување на трансакциите со хартии од вредност по налог на клиентот, на домашни и на странски пазари на капитал;
  • наплата на приходи од хартиите од вредност, како и известувања за исплатени дивиденди, камати или доспевања на други побарувања од хартиите од вредност;
  • известување за корпоративни настани, собранија на акционери и застапување на тие собранија, како и известување за правата од хартиите од вредност и извршување на налозите поврзани со корпоративните настани;
  • плаќање даночни обврски на клиентите врз основа на хартиите од вредност во нивна сопственост;
  • други услуги во договор со клиентот.

Аплицирајте за трансакциска сметка онлајн

 

Одберете трансакциска сметка согласно вашите потреби.

 

Договорете состанок со референт во експозитура

 

Сами предложете термин и експозитура кои најмногу ви одговараат. 

 

Ви требаат повеќе информации?

 

Доколку ви се потребни дополнителни податоци во врска со производите и услугите на Банката.