„Како научив да штедам”

Една од најстарите банки во светот, банка со традиција од повеќе од 195 години е Шпаркасе Банка. Денарот повеќе вреди додека се штеди, а најголемите детски штедачи во Шпаркасе Банка се Медо Штедо и Медена кои ве повикуваат во авантурата на  штедење.

По повод месецот на штедење Шпаркасе Банка организира награден конкурс за промовирање на позитивните вредности од штедењето, поттикнување на дечињата да штедат и добивање на нови интересни начини на штедење.

Почнувајќи од 10.10.2020 г. споделете ја со нас вашата приказна на тема „Како научив да штедам” на marketing@sparkasse.mk најдоцна до 25.10.2020 г. На конкурсот „Како научив да штедам“ може да учествуваат сите дечиња на возраст од 6 до 15 години во Република Северна Македонија. Победникот ќе биде прогласен и објавен на официјалната страна на Банката на Светскиот ден на штедењето, 31.10.2020 г. и тој ќе добие 5.000 ден. на штедна книшка Медо Штедо.