img_02
  • 2024 26 Април
    Соопштенија Соопштение - 57 Јавен повик за учество на Собрание на акционери

Врз основа на член 30 став 4 и став 5 од Статутот на Шпаркасе Банка АД Скопје, Надзорниот одбор на


ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


П О В И К

за учество на Собрание на акционери


 57-то Собрание на акционери на Шпаркасе Банка АД Скопје кое ќе се одржи на 28.05.2024 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, во седиштето на Шпаркасе Банка АД Скопје на ул. Васил Иљоски бр. 14 Скопје, со следниот 


ДНЕВЕН РЕД


1. Избор на  претседавач со Собранието, Нотар и бројач на гласови;

2. Разгледување на Записник од 56.седница на Собранието на акционери;

3. Единечни финансиски извештаи на Шпаркасе Банка АД Скопје за 2023 година ревидирани од страна на друштвото за ревизија Грант Торнтон ДОО Скопје и Извештај на независниот ревизор

4. Консолидирани финансиски извештаи на Шпаркасе Банка АД Скопје за 2023 година ревидирани од страна на друштвото за ревизија Грант Торнтон ДОО Скопје за извршена ревизија на консолидираните финансиски извештаи на Шпаркасе Банка АД Скопје и Извештај на независниот ревизор

5. Годишна сметка и финансиски извештаи на Шпаркасе Банка АД Скопје за периодот 01.01-31.12.2023 година

6. Консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи на Шпаркасе Банка АД Скопје за периодот од 01.01. - 31.12.2023 година

7. Годишен извештај за работењето на Шпаркасе Банка АД Скопје во 2023 година

8. Консолидиран годишен извештај за работењето на Шпаркасе Банка АД Скопје во 2023 година

9. Предлог Одлука за употреба и распределување на остварената добивка на Шпаркасе Банка АД СКопје за 2023 година

10. Извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2023 година

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Приjавите да се достават до Банката – Кабинет на Управен одбор.

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштвата и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да доставуваат предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да доставуваат предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предози на одлуки и прашања и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик, а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието што е свикано, се испраќа до органот што го свикал Собранието на Банката, и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за учество на Собранието.

Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Шпаркасе Банка АД Скопје и на интернет-страницата на Банката www.sparkasse.mk.


ШПАРКАСЕ БАНКА АД Скопје

НАДЗОРЕН ОДБОР

Претседател

Георг Бухер