img_02
  • 2024 29 Април
    Известувања Известување за достапост на дигитални платежни канали на 03.05.2024

Почитувани,

Ве известуваме дека 03.05.2024 (Петок) ќе биде неработен ден за сите експозитури на Шпаркасе Банка. Во насока на зголемена достапност на платежните сервиси, Шпаркасе Банка АД Скопје донесе одлука да го овозможи користењето и достапноста на дигиталните платежни канали (мобилното и електронското банкарство) за интерни плаќања како и за плаќања преку МИПС (Македонски интербанкарски платен систем).

Со оваа одлука, клиентите на Банката, физички и правни лица, на датум 03.05.2024 ќе можат непречено да иницираат интерно плаќање кон друга платежна сметка во Банката, но и да направат плаќање кон платежна сметка во друга Банка преку избор на МИПС опцијата достапна во ПП30 и ПП50 налозите. За овие плаќања ќе важи стандардната тарифа на Банката согласно типот на плаќање.

Со почит,

Шпаркасе Банка АД Скопје