Шпаркасе Банка воведува нов станбен и нов потрошувачки кредит со фиксни каматни стапки
Почнувајќи од 1 октомври, Шпаркасе Банка нуди нов станбен кредит во денари со фиксна каматна стапка од 3,49% за првите десет години од отплатата. Кредитот е достапен во максимален износ до 24.600.000 МКД со рок на отплата до 360 месеци. Дополнителна поволност е ослободувањето на клиентите од административни, нотарски трошоци и трошоци за процена.
Покрај станбениот кредит, се воведува и нов потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 5,3% за целиот период на отплата, кој трае до 95 месеци, на максимален износ до 1.500.000 МКД.
Со понудата „Кажи YES за фиксна рата во Шпаркасе Банка“, клиентите имаат можност да уживаат во стабилноста на фиксните месечни рати, што овозможува полесно финансиско планирање и поголема контрола врз личните финансии. Без разлика дали станува збор за купување нов дом или за управување со секојдневните трошоци, Шпаркасе Банка нуди решенија што ги олеснуваат финансиските предизвици.
Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, една од водечките финансиски групации во Средна и Источна Европа, со речиси 200 години традиција. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Северна Македонија, Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг опслужуваат повеќе од 150.000 клиенти во 36 експозитури.
#ВерувајВоИднината