Почитувани,
Во текот на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое го фалсификува идентитетот на Охридска Банка АД Скопје, и кое го користи логото на банката, обидувајќи се да извлече податоци преку праќање на мејлови.
Имено, забележано е дека одредени физички и правни лица добиваат пораки од мејл адресата: ohridska.banka@ohridskabanka.com.mk која е непостоечка. Како контакт адреса е наведена fxdoznaki@ob.com.mk. Предмет на мејл пораката е: Notification for remittance abroad – SWIFT, односно Известување за извршена дознака во странство – SWIFT.
Ве информираме дека во текот на месец јули 2021 г. со упис на статусната промена – присоединување и официјално заврши процесот на присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, со што Охридска банка АД Скопје и официјално престана да постои како правен субјект.
Шпаркасе Банка АД Скопје се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака ДА НЕ ГИ ОТВАРААТ ПОРАКИТЕ ПРИСТИГНАТИ ОД МЕЈЛ АДРЕСАТА ohridska.banka@ohridskabanka.com.mk, со цел да се заштитат од злоупотреба на податоците и да контактираат соодветно контакт лице од банката за да ја верификуваат пораката.
Доколку во меѓувреме мејлот е отворен, Ве молиме побарајте помош од ИТ професионалец.
Сите нотификации испратени од Шпаркасе Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат. Информативниот систем на Банката е сигурен и во ниеден момент не е загрозен.
Во меѓувреме, Банката ги презема сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите.
Со почит,
Шпаркасе Банка Македонија