Новата верзија на S-банка со нов, модерен и интуитивен дизајн е веќе достапна за сите корисници на мобилно банкарство на Шпаркасе Банка. Истата е веќе достапна со автоматски update, односно не треба да се презема и активира дополнително.
Нови функционалности на S-банка мобилното банкарство:
- Можност за експортирање во PDF на ПП30 и ПП50 налози
- Можност за преглед и експортирање во PDF на издадени изводи на кредитните картички
- Можност за преглед и експорт во PDF на промет на сметка
- Опција screenshot кај Андроид (досега оваа опција беше достапна само за IOS)
Со почит,
Шпаркасе Банка