Почитувани,
Ве известуваме дека на 29.12.2023 г. (петок) сите експозитури на Шпаркасе Банка ќе работат со редовно работно време.
Експозитурите кои работат во сабота, експозитурата Беко и Аеродром 2, на 30.12.2023 г. ќе продолжат да работат со редовно работно време од 09 до 13:00 часот.
Согласно Законот за празници на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 01.01.2024 г. (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија и експозитурите на Шпаркасе Банка нема да работат. Со редовна работа продолжуваме на 02.01.2024 г. (вторник).
Дополнително Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство.
Погледнете ја листата на експозитури и банкомати на следниот линк.
Со почит,
Шпаркасе Банка АД Скопје