Од денеска, Шпаркасе Банка ја отвора новата експозитура во Општина Аеродром којашто претходно се наоѓаше на адреса Бул. Јане Сандански бр.12.
Новата локација на експозитурата е на адреса ул. Фрањо Клуз бр.1/1, Општина Аеродром и ќе работи секој работен ден од понеделник до петок, од 8.00 до 16.00 часот. Во новата експозитура, клиентите на Шпаркасе Банка, ќе добијат врвно корисничко искуство во доменот на депозитно и благајничко работење, кредитирање, платен промет и други банкарски сервиси.
Просторот на новата експозитура е дизајниран имајќи ги предвид естетските и функционалните аспекти. Употребата на еколошки одржливи материјали покажува посветеност и еколошка одговорност, додека обезбедувањето на стандардите за удобност и безбедност дава приоритет на благосостојбата на клиентите и на вработените.
На отворањето, пред присутните свое обраќање имаше претседателот на УО на Шпаркасе Банка, господинот Санел Кустурица:
„Шпаркасе Банка продолжува со цврста посветеност и стремеж да биде водечка Банка по квалитет на услуги, задоволство на клиенти и ангажираност на вработените. Фокусирани сме да понудиме поголема достапност на производите и услугите на нашите клиенти, со отворање на нови и модерни експозитури. Се трудиме да овозможиме максимално корисничко искуство на клиентите, да инвестираме во поголема мрежа на експозитури и во модерен простор каде нашите вработени ќе се чувствуваат пријатно и ќе бидат мотивирани за работа“ – изјави тој.
Шпаркасе Банка АД Скопје инвестира во својата инфраструктура со цел поголема достапност до своите клиенти, со отворање нови и модерни услужни модели на експозитури, кои ги задоволуваат највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување на клиентите. Во секоја од експозитурите, клиентите имаат можност да ги користат атрактивните банкарски производи и услуги, со што тие стануваат уште подостапни за што поголем број граѓани.
#ВерувајВоИднината