img_02
  • 2023 12 Мај
    Соопштенија ШПАРКАСЕ БАНКА СО ПОВОЛНА ПОНУДА ЗА ПАЦИЕНТИ НА ОЧНАТА БОЛНИЦА „ДЕНИЦА“

Шпаркасе Банка креираше специјална понуда наменета за пациентите на Очната болница „Деница“, која важи исклучиво за плаќање на услугите во болницата.

Па, така, клиентите можат да аплицираат за потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 4,99% за првите две години, како и рок на отплата до 48 месеци на максимален износ до 180.000 денари, со вклучено кредитно животно/неживотно осигурување и без жиранти. Дополнително, со оваа понуда клиентите добиваат и дополнителни поволности за други кредитни производи од Банката, и тоа: без членарина за првата година за кредитна картичка и без надоместок за управување на пречекорување за првата година.

„Ние како банка што континуирано се грижи за здравјето и за потребите на своите клиенти, сметавме дека може дополнително да придонесеме во олеснување и подобрување на нивната здравствена состојба, па се одлучивме соработката со очната болница ’Деница’ да ја кренеме на едно повисоко ниво. Токму затоа воведовме специјална понуда што важи исклучиво за плаќање на услугите од болницата на пациентите на ’Деница’. Задоволни сме што на овој начин можеме барем малку да им ја олесниме моменталната состојба и финансиските грижи околу здравствените услуги на нашите клиенти и на тој начин да дејствуваме во согласност и со нашиот корпоративен слоган – Верувај во иднината“ – изјави г-ѓа Нина Неданоска, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

„Посветеноста, иновативноста и отвореноста продолжуваат да бидат клучните столбови на кои се темели Специјалната очна болница ‘Деница’ од Скопје. Врвната здравствена грижа која интегрира високопрофесионален кадар, од една страна, и беспрекорна техничко-технолошка опременост од друга страна, пак, се наша карактеристика што постојано се надоградува и се унапредува. Во таа смисла, соработката со една реномирана финансиска институција како Шпаркасе Банка е манифестација на нашата заедничка општествена одговорност кон заедницата, која има за цел спектарот на офталмолошките услуги на ’Деница’ да бидат уште подостапни до најширокиот круг наши сограѓани“ – изјави г-ѓа Сања Угриновска Спасеновска, генерален менаџер на Специјалната очна болница „Деница“.

Шпаркасе Банка континуирано дејствува во интерес на трајните вредности какви што се здравјето и општата благосостојба на клиентите. Истовремено, Банката се труди најпрофесионално да ги продлабочи соработките со деловните партнери и соработници, градејќи стабилни врски на долг рок, за иднина каква што заслужуваат сите наши клиенти.

Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.