Здравство и животна средина

Во областа на здравство несебично ја даваме својата поддршка на здравствените институции, невладините организации и здруженија на граѓани што се борат за подобрување на условите за здравствено лекување, овозможување на соодветен третман и лекувања на лица заболени од ретки и тешки заболувања, како и финансиска помош за поединци – физички лица што имаат потреба од специјални третмани или операции во странство.

Грижата за животната средина е важен сегмент од нашата стратегија за корпоративна општествена одговорност, кој опфаќа проекти што придонесуваат за подигнување на свесноста кај граѓаните за заштита на животната средина од потенцијалните загадувачи, како и за едукација на најмладите за важноста и значењето на поимот „рециклирање“. Во голем дел од проектите за заштита на животната средина активни учесници се и нашите вработени, кои со личен пример и волонтерство учествуваат во реализацијата на проектите.

Доделување на награди за конкурсот: ШТЕДИ, КРЕИРАЈ, ПОБЕДИ!

Во просториите на СОС Детско село, Шпаркасе Банка Македонија ги награди најкреативните творби од детскиот конкурс „ШТЕДИ, КРЕИРАЈ, ПОБЕДИ!“. По повод Светскиот ден на штедењето - 31 октомври, Шпаркасе Банка организираше мал забавен настан за учесниците на конкурсот заедно со децата без родители и родителска грижа згрижени во рамките на СОС Детско село, во населбата Ченто. Првата групна награда беше доделена на дечињата од Green House Градинка, а поединечната награда беше доделена на Загорка Панова од Неготино.

Доделување на наградите за проектот „Рециклирање?! - КАЖИ ДА!“

На посебен настан беа доделени наградите на основните училишта кои учествуваа во проектот „Рециклирање?! - КАЖИ ДА!“ по иницијатива на Пакомак - Друштво за управување со пакување и отпад од пакување и Шпаркасе Банка.

Големо задоволство е да соработуваме на проекти кои се инспирација за децата, особено што нивниот вложен труд вродува со плод и ги надминува очекувањата секоја година. Шпаркасе Банка Македонија и оваа година активно ја поддржа иницијативата на Пакомак за рециклирање отпад и одржување чиста и здрава средина за живеење. Не радува тоа што голем број на ученици и наставници се вклучија и оваа година во нашата заедничка акција, а со тоа дадоа пример за тоа што значи грижа за природата и општото добро. Како општествено одговорна банка постојано сме во потрага по нови проекти во кои можеме активно да се вклучиме и да дадеме свој придонес во подигање на свеста за бенефитите од рециклирањето. Навистина е убаво да се почувствува енергијата и ентузијазмот на децата , кои уште од рана возраст целосно се вложија во акцијата за собирање на пластични шишиња. Ја продолжуваме соработката со Пакомак и во иднина и се надеваме на уште поголем заеднички успех во проектите кои следуваат!

Донација за болницата за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид

Во рамките на платформата за корпоративна општествена одговорност “Sparkasse Life”, Шпаркасе Банка Македонија реализираше донација кон Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ – Охрид во вкупен износ од 378.780,00 денари за набавка на потребната медицинска опрема за физикална терапија. Преку реализација на донации Банката активно ги поддржува проектите од областа на здравството, со цел да се овозможат современи и подобри услови за користење на здравствените услуги во специјалните здравствени институции во државата.

До Шпаркасе #НаТочак

Во рамки на платформата за општествена одговорност „Sparkasse Life“, Шпаркасе Банка постави паркинг за велосипеди позади Централата на Улица Македонија. Ги повикуваме сите вработени, клиенти и соседи да ја поддржат иницијативата за водење на здрав живот, создавање на здрави навики и заштита на животната средина преку користење на велосипедите како превозно средство. До Шпаркасе #НаТочак!

Одбележан светскиот ден на аутизмот

Медо Штедо и Медена се дружеа со децата со аутизам, АДХД и аспергеров синдром во Зоолошката градина во Скопје по повод одбележувањето на 2 Април - ден на аутизмот во рамките на поддршката за здружението „Во мојот свет“.

Преку поддршката која Шпаркасе Банка Македонија да дава во вид на финансиска и нефинансиска помош се дава подршка на лицата со аутистичен спектар на нарушувања и нивните семејства во пристап до информации за рана дијагностика, терапии и третмани, успешна инклузија и остварување на нивните права во сите сфери на општественото живеење, како и подигање на јавната свест и зголемување на корпоративната одговорност.

Донација за клиниката за радиотерапија и онкологија

Шпаркасе Банка Македонија, во рамките на својата платформа за општествена одговорност - Sparkasse Life, ја поддржи иницијативата на здружението „Дајте ни крилја“ и ФОН Универзитетот, за опремување и разубавување на детската соба на Клиниката за радиотерапија и онкологија, преку донација на мебел, телевизор и играчки за децата кои се лекуваат на оваа клиника