Култура и уметност

Во стратегијата за корпоративна општествена одговорност на „Шпаркасе Банка Македонија" значаен сегмент е развојот на културата и на уметноста во Република Македонија, кој активно го поддржуваме преку поддршка на културни манифестации, изложби на уметнички дела, како и промовирање на австриската култура преку учество во проектите што се организираат на ниво на Амбасадата на Р. Австрија во Р. Македонија.

Виенски бал

Шпаркасе Банка Македонија како поддржувач на манифестацијата Виенски бал во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и под покровителство на Амбасадата на Република Австрија во Скопје. Банката традиционално и оваа година беше еден од покровителите на овој настан.

Охридско лето

Шпаркасе Банка Македонија како еден од главните спонзори на културната манифестација „Охридско лето“, дава поддршка за унапредување и промоција на активностите од областа на културата кои се спроведуваат во рамките на фестивалот и овозможува учество на реномирани домашни и странски музички уметници.

Златно Славејче 2017

Шпаркасе Банка трета година по ред е еден од главните спонзори на детскиот фестивал „Златно Славејче“, каде децата уживаат во новите детски песни и се забавуваат со Медо Штедо и Медена.