Локална заедница

Низ многубројните проекти што се реализираат кон институции и организации што припаѓаат или чија дејност е насочена кон развојот на локалната заедница, Шпаркасе Банка" придонесува за создавање дополнителни вредности во заедницата во која деjствува и воедно овозможува да се реализираат проекти што имаат како основна цел заштита на животната средина, заштита на културното наследство и развој на уметноста. Како дел од заедницата се вклучуваат и невладините организации, јавните институции, верските заедници и здруженијата на граѓани што заштитуваат социјално ранливи групи.

Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови.

Шпаркасе банка и Црвениот крст на град Скопје заеднички се вклучија во поддршката на старите лица во градот Скопје преку социјалните сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“. Шпаркасе Банка е еден од донаторите на овој проект, но во рамките на оваа соработка интензивно ќе се вклучат дел од вработените кои на терен ќе ја практикуваат како корпоративната така и индивидуалната општествена одговорност.

Асоцијација на активисти за права на животните

Шпаркасе Банка Македонија донираше 30.000 денари на ААПЖ за помош на бездомните животни. Поддршката и хуманоста кон бездомните животни ја покажува општествената одговорност на Банката која ќе придонесе за решавање на проблемите што ги засегаат граѓаните, а тоа е намалувањето на бројот на улични животни.

Со овој чин, Шпаркасе Банка се вклучи во долгодишната борба за намалувањето на бројот на бездомни живитни, бидејќи со донираните средства ќе бидат платени стерилизации / кастрации, сместување на неколку улични кутриња, нивно лекување и вдомување.

Шпаркасе Банка е првата банка во Македонија која ги отвори своите врати за домашните миленичиња и стана Pet-Friendly банка.

Нахрани 1000!

Шпаркасе Банка се приклучи кон акцијата „Нахрани 1000“, во која учествуваа сите заинтересирани граѓани и компании со донации на храна на повеќе штандови во центарот на Скопје. Приклучи се и ти, #МрдниСоПрст!

Пивофест - Прилеп

Пиво фест е фестивал што се одржува во летниот период во градот Прилеп во организација на општината Прилеп и стопанските субјекти од градот. Фестивалот е од отворен тип и се одржува во центарот на градот.Посетители доаѓаат од сите краишта на Република Македонија и соседните земји. Познат е по добрата забава, скара, ладното пиво и секако по масовната посетеност.

Шпаркасе Банка стана препознатлива со „Шпаркастичното патување“ кое го организираше во 2016 година и пристигнаа нејзините вработени, клиенти и соработници со брендираниот воз на Македонски Железници.

World picnic day 2017

На Светскиот ден на културни различности, вчера во Градскиот парк во Скопје, Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори организираа хуманитарен јавен настан со автентични гурмански специјалитети од различни земји.

Странските инвеститори кои доаѓаат од Австрија, Белгија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Луксембург, Франција, Холандија, Хрватска, САД, Словенија, Турција и Швајцарија ја искористија можноста да се дружат со граѓаните и да ја промовираат гастрономијата на земјите од каде што потекнуваат преку најавтентичните рецепти од нивните национални кујни.

Денот беше збогатен и со содржини за целото семејство, со многу музика, забава и анимација за деца.

Струмички карневал 2017

Едно од најатрактивните случувања во културниот живот во Македонија е редовното одржување на Струмичкиот карневал, со кој од 1995 г. градот Струмица стана член на фамилијата на FECC-Здружение на европските карневалски градови.