Образование и спорт

„Шпаркасе Банка Македонија" традиционално ги поддржува проектите што потекнуваат од образовните институции и што имаат како цел подобрување на квалитетот на образованието, поддршка на талентирани млади лица за нивна понатамошна напредна едукација и публикации на стручни трудови и литература од различни научни области.

Во рамките на Sparkasse Life платформата значаен дел се проектите што имаат цел да ги поттикнат сите лица, без разлика на нивната возраст активно да спортуваат и да создаваат навики за водење здрав живот. Во соработка со реномирани спортски институции, видни спортисти и здравствени стручни лица, преку јавни трибини и публикации, ги промовираме вредностите за водење здрав живот и им ги пренесуваме на нашите вработени лица во Банката.

Федерација на планинарски спортови на Македонија - Експедиција Аконкагва

Во рамки на платформата Sparkasse Life, Шпаркасе Банка Македонија ja поддржа Федерацијата на планинарски спортови на Македонија на иницијатива и под лидерство на планинарката Маја Бошкоска кои ја организираат Експедицијата за искачување на Аконкагва 6962 мнв.

Skopje Run 2017

Нашиот тим SBM_RUN го освои првото место на штафетната трка во категорија мешани тимови. Нашиот тимски дух победува и во спортските натпревари.

Доделени наградите од Social Impact Award 2017 - Награда за социјално претприемништво

Шпаркасе Банка во рамките на стратегијата за општествена одговорност под платформата “Sparkasse Life”, активно ги поддржува проектите кои се насочени кон едукација, менторска поддршка и финансиско советување на младите и талентирани студенти, развој на нивните капацитети за водење на сопствен бизнис, што во иднина уште повеќе ќе се прошири и во рамките на една посебна финансиска програма наменета токму за оваа значајна целна група. Како дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата даваме поддршка за реализација на проектите кои имаат социјална компонента, ги поддржуваме младите иноватори, идните претприемачи кои имаат визија за реализација на нивните проекти, како и придонесуваме за поголема вклученост и инклузија на социјално ранливите категории. Се надевам дека и во иднина ќе бидеме сведоци на одлични проекти, а ние како банка и понатаму ќе ја даваме нашата поддршка.

Шпаркасе Банка Македонија четврта година по ред ја дава својата поддршка на Social Impact Award, како еден од покровителите на настанот, но истовремено со силно верување дека овие идеи ќе направат видлива промена и желба истите да претставуваат значаен придонес кон подобро и поквалитетно општество.

Прв до врв

Спортско-рекреативен настан со кој Скопјани, заедно со посетителите од цела Македонија и соседните држави, еден ден во годината масовно се натпреваруваат до врвот на својата планина Водно.

CКачувањето има натпреварувачки карактер за оние кои сакаат да се докажат дека своето редовно дружење со Водно резултирало со рекордно време за качување од подножјето до врвот на Водно.

Скопје е еден од ретките градови во светот што може да се пофали дека има прекрасна планина која започнува од центарот на градот и нема жител на градот што не го посетува Водно по неколку пати во годината. Водно е катче за рекреација на секој Скопјанец во секое годишно време од годината. ПРВ ДО ВРВ е повод сите заедно еден ден во годината да се качиме на нашата планина.

Скопски Маратон

Во рамките на Sparkasse Life платформата оваа година на Скопскиот Маратон учествуваше екипа од Шпаркасе Банка која ја сочинуваа 4 полумаратонци, 2 штафети и 26 учесници на трката од 5км.

Skopje Street Festival 2017

Шпаркасе Банка Македонија е еден од официјалните спонзори на Skopje Street Festival#5 со особена поддршка на Skopje Street Ball натпреварите. Оваа година учесници беа Кафе Бар Синдикат, Barbakan, Badu Bar, Minus Eden, Kino Karpos, Винил / Vinyl, Ресторан Дукат, Cafe Krug, Гостилница Тото, Fourplay Cafe, Kalabalak Park и Casa Bar.

Шпаркасе Банка за победничкиот тим обезбеди четири влезници за Exit Festival.

Меморандум за соработка со Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола и Шпаркасе Банка Македонија ја официјализираа соработката преку потпишување на меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка, г-дин Глигор Бишев и ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски.

Денови на кариера на Економски факултет - Скопје

Студентската организација АИЕСЕК и оваа година по дваесет и први пат го организираше проектот „Денови на Кариера“, повторно со стратешка подршка и во коорганизиција со Центарот за кариера при Економски факултет – Скопје, УКИМ. Преку „Денови на Кариера“ им се пружи можност на студентите да запознаат искусни луѓе од бизнис секторот, што очекуваме да им овозможи полесно оперирање во македонското стопанство.

Шпаркасе Банка Македонија во рамките на повеќегодишната соработка со Економски факултет - Скопје учествуваше на оваа манифестација со сопствена компаниска презентација, на која студентите се информираа подетално за банката, како и за можностите за практична работа и вработување.

Потпишан меморандум за соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Универзитетот „Гоце Делчев“од Штип и Шпаркасе Банка Македонија ја официјализираа соработката преку потпишување на меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка, г-дин Глигор Бишев и ректорот на проф. д-р Блажо Боев.