facebook
you-tube
Барај
КОО проекти

07 НОЕМВРИ 2016

ПОВИК ЗА „BEST OF SOUTH EAST" 2017/2018

Шпаркасе Банкa Македонија АД Скопје со задоволство ги поканува сите амбициозни студенти и дипломци кои имаат желба да стекнат искуство во меѓународно студирање на еден од најстарите австриски универзитети како и да ги комбинираат студиите со практика или обука во една од најмодерните банкарски институции во покраината Штаерска да аплицираат на конкурсот „Најдобрите од Југоистокот“ кој Шпаркасе Банка Македонија традиционално и оваа година го поддржува. Нашите студенти и дипломци ќе имаат можност да добијат стипендија која им овозможуваат обука и пракса на Универзитетот Карл Франценс во Грац, Австрија.

Најдобрите кандидати од областа на економските и правните науки ќе имаат можност за обука и пракса во европската реномирана банкарска групација Штаермеркише Шпаркасе, а по завршување на програмата и локално во Шпаркасе Банка Македонија.

Право на пријавување имаат сите студенти од трета и четврта година како и дипломирани на економски   и правни науки кои имаат познавање од германски јазик, имаат висок просек и се на возраст до 27 години.

Повеќе информации околу начинот и правилата за учество, заинтересираните можат да најдат следниот линк како и на факултетите кои се дел од оваа програма.

Проектот ‘‘Најдобрите од Југоисток‘‘ е еден од повеќето успешни проекти кои Шпаркасе Банка Македонија ги реализира во континуитет и во рамките на својата стратегија за општествена одговорност. Преку овие проекти, Банката ја покажува својата определба да биде активен учесник во развојот и унапредувањето на различни сегменти на општеството. 

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје