facebook
you-tube
Барај
Настани

30 СЕПТЕМВРИ 2015

СО ЗАЕДНИЧКИ СИЛИ ДО ПОЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Денес во спортскиот центар „Борис Трајковски“ беа доделени наградите за проектот „Рециклирање?! - КАЖИ ДА! кој веќе трета година по ред ги опфаќа основните училишта во Скопје

31.344 ученици од 60 основни училишта во општините Гази Баба, Карпош, Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода цела учебна година организирано собираа пластични шишиња, добиваа донација од течен сапун од Пакомак, и учеа за важноста од селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад, времето на распаѓање на материјалите во природата, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија со цел да го увидат бенефитот од правилното однесување со амбалажниот отпад и заштитата на животната средина.

Види повеќе

08 ЈУНИ 2015

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ОД СРЦЕ ЗА СРЦЕ“

Nа 07.06.2015 г. (недела), на Школка во Градскиот Парк во Скопје, се одржа настан на кој беше промовирана книгата „Од срце за срце“, која претставува збирка од најкреативните 100 дела, испратени од дечињата кои учествуваа во проектот.

Види повеќе

28 АПРИЛ 2015

ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО 2015 (SOCIAL IMPACT AWARD 2015)

На 28 Април беа доделени наградите за социјално претприемништво, кои беа обезбедени од страна на Шпаркасе Банка Македонија

Види повеќе

01 АПРИЛ 2015

ЕКО МАСКЕНБАЛ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ШПАРКАСЕ БАНКА И ПАКОМАК

На 1 Април 2015 со почеток во 17:00 часот се одржа еко маскенбалот во ТЦ Рамстор 

Види повеќе

03 МАРТ 2015

СТАНБЕН КРЕДИТ СО ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА ЗА ПРВИТЕ 10 ГОДИНИ

 Во рамките на отварањето на Саемот за градежништво Шпаркасе Банкa го промовираше новиот станбен кредит во соработка со Настел со фиксна каматна стапка за првите 10 години. Со овој уникатен производ на пазарот, Шпаркасе Банка ја збогатува својата понуда со кредити кои на граѓаните им овозможува поголема сигурност во планирањето на своето домување и планирање на иднината.

 

Види повеќе

12 НОЕМВРИ 2013

Erste Investors' Breakfast

Erste Investors' Breakfast се одржа во Скопје на ден 12.11.2013 година во организација на Секторот за продажба во Југоисточна Европа од Ерсте Групацијата и Шпаркасе Банка Македонија. На настанот беа поканети повеќе од стотина претставници на бизнис секторот во Македонија и претставници на најзначајните финансиски институции, меѓу кои беа присутни и Гувернерот на Народната Банка на РМ, Г-дин Димитар Богов и Министерот за финансии, Г-дин Зоран Ставревски.

Види повеќе

01 НОЕМВРИ 2013

Релокација на Експозитура Струмица

Денес официјално започна со работа Експозитурата во Струмица, на новата локација ул. Маршал Тито бб. Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје продолжува да работи на унапредување на своите активности и грижа за корисниците. 

Види повеќе

06 СЕПТЕМВРИ 2013

Вицепремиерот на Република Македонија во посета на Грац

Вицепремиерот на Република Македонија, д-р. Зоран Ставрески, на 4 септември 2013 год. го посети Грац и Штаермеркише Шпаркасе Банка, заедно со делегација претставници од Владата. Во рамките на приемот во Штаермеркише Шпаркасе, г-дин Ставрески ја презентираше Македонија како дестинација за инвестирање пред водечки фирми од Штаерска. 

Види повеќе

13 НОЕМВРИ 2012

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, во посета на Штаермаркише Шпаркасе

Претседателот на Република Македонија, Д-р Ѓорге Иванов, и македонскиот амбасадор Д-р Ѓорѓи Филипов, по покана од Управниот одбор, на 9.ноември оствари работна посета на Штаермеркише Шпаркасе.

Види повеќе

12 ЈУЛИ 2013

Награда за општествена одговорност за Шпаркасе Банка Македонија

Граѓанската организација Центар за институционален развој – ЦИРа и додели награда на Шпаркасе Банка Македонија за Одговорен однос кон вработените за 2012г. Оваа престижна награда Шпаркасе Банка ја доби за проектот ‘‘Берза на идеи‘‘, проект наменет за вработените чија цел е поттикнување на иновативноста и нивно активно вклучување во развојот и унапредувањето на севкупното работење на банката. Наградата ги вреднува добрите практики на одговорното делување и е признание за Шпаркасе Банка за грижата и развојот на вработените како и активната и континуирана политика на одговорно корпоративно општествено работење.

Види повеќе

02 НОЕМВРИ 2012

Национална награда за најдобри општествено одговорни практики за 2011 година

Банката доби признание за учество во Националната награда за најдобри општествено одговорни практики за 2011 година...

Види повеќе

17 ОКТОМВРИ 2012

Месец на штедење со Медо Штедо

"За сите желби вреди со Медо Штедо да се штеди" е мотото со кое Банката преку својот детски продукт “Медо Штедо” го одбележа месецот на штедење. Со цел да ги мотивира, едуцира и поттикне децата на штедење, Банката во текот на месец Октомври организираше голема и сеопфатна програма со разновидни Медо Штедо активности.

Види повеќе

30 АВГУСТ 2012

„Најдобрите од Југоистокот“

Нашата матична куќа Штаермеркише Шпаркасе во соработка со Универзитетот во Грац, ја иницираа програмата „Најдобрите од Југоистокот“ за доделување едногодишни стипендии за усовршување и стажирање на студенти и дипломирани лица од областа на економијата, од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија.

Види повеќе

11 ЈУЛИ 2012

Успешно организирана првата крводарителска акција

На 11.06.2012г.беше реализирана првата крводарителска акција во Банката, која покрај успешната реализација претставуваше и почеток 

на соработката помеѓу Банката и Црвениот крст на општина Центар.

Види повеќе

28 МАЈ 2012

Денови на раноградинарство

На 26 и 27 мај, Куклиш беше домаќин на четвртата по ред манифестација ‘‘Денови на раноградинарство – Куклиш 2012‘‘ која ја организира Здружението на граѓани ‘Кукла-Градинар‘‘ , под покровителство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, локалната самоуправа и бизнис секторот.

Види повеќе

21 МАРТ 2012

Шпаркасе Банка промотор на Македонија и нејзините инвестициски потенцијали на „ CHECK IN!“ во Грац

На 20-ти март се одржa Шестата годишна Конференција Check In! На тема “Invest in Macedonia”, за Македонија и нејзините инвестициски можности.

Види повеќе

03 МАРТ 2012

Проект во соработка со Црвениот Крст на Општина Центар за поттикнување на здравите навики кај млад

Во насока на поттикнување на здравите навики кај младите, волонтерите и експертите на Банката и Црвениот Крст на Општина Центар – Скопје, осмислија и реализираа обуки и предавања од областа на здравите животни навики.

Види повеќе

25 ЈАНУАРИ 2012

Проект на Владата на Република Македонија – ”Купи куќа, купи стан”

Банката е една од осумте банки кои учествуваа во проектот на Владата на Република Македонија – ”Купи куќа, купи стан”. Со овој проект 

граѓаните можат да аплицираат за субвенционирани станбени кредити, од 25 јануари 2012 до 31 мај 2013 година.

Види повеќе

21 ОКТОМВРИ 2011

Нови пакети услуги „М“ и „С“ за кредитирање на малите и средни претпријатија

Во рамките на манифестацијата „Браќа Манаки“, на свечениот настан во хотел “Епинал Битола”, организиран од генералниот спонзор, Шпаркасе Банка Македонија, претставниците на топ менаџментот на Банката и вработените во битолската експозитура, ги промовираа најновите Кредитни линии и продукти за поттик на кредитирањето.

Види повеќе
a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје