facebook
you-tube
Барај
Проекти

Секој проект е сам по себе значаен. Врз основа на добиените информации, може да се направи класификација која овозможува преглед на проектот во однос на неговата цел и имплементација во сегментот за кој е наменет. Определени сме за долгорочна изградба на својот локален и глобален развиток и успех, кои со себе ги носат општите стандарди на корпоративното управување, транспарентност, нова менаџерска култура и практично искуство од групацијата.

  • "BEST OF SOUTH EAST" – Проект во соработка со Универзитетот во Грац и Steiermärkische Sparkasse за поттикнување и дополнително образование на успешни дипломирани лица и студенти од Република Македонија. Целта на програмата е да им понудиме можности за стекнување меѓународно работно искуство, обука и дополнително образование, а со тоа им го олеснуваме на студентите влезот во професионалниот живот.
  • “РЕЦИКЛИРАЊЕ - КАЖИ ДА!” – Една од темите во Стратегијата за општествена одговорност на Банката е здрава животна средина, каде што перспективата се гледа во остварувањето на специфични цели – вложување и зголемување на квалитетот на животот во области од образованието, спортот, културата, социјалната грижа и заштита на животната средина. Наши главни партнери се младите генерации – ученици од основните училишта, кои преку оваа иницијатива, ќе научат што значи рециклирањето како процес, каква корист имаат од него, но и како рециклирањето да го претвориме во извор на константен приход за нивното училиште. Во текот на имплементацијата на проектот, воспоставивме партнерски однос со ПАКОМАК, Друштво за управување со пакување и отпад од пакување, преку што проектов ќе има одржливост подолг временски период.
  • “ТРАНСПАРЕНТНОСТ”- Проект за фер и транспарентна комуникација како дел од корпоративната култура која се оформува низ секој вид на комуникација во/надвор од Банката. “Транспарентност“ е дел од проектите за Корпоративна општествена одговорност на Банката. Клиентите имаат можност да се едуцираат за банкарските поими, кои секојдневно се употребуваат во банкарското работење, односно ќе се овозможи полесна комуникација помеѓу банката и клиентот.
  • “БЕРЗА НА ИДЕИ” - Со поттикнување на иновативноста на вработените во Шпаркасе Банка, ние, како Банка препознаваме дека инвестирањето во континуираната иновација, во процесот и во крајниот производ е предуслов да ги исполниме барањата на клиентот. Целта со “Берза на идеи“ ни е на вработените да им се овозможи комплетен придонес во делокругот на нашето работење, бидејќи пресвртница во главните бизнис активности се развојните пазари, новите технологии, експертизата и идеите на вработените. Она што го движи целиот свет е она што ја движи иновацијата.
  • „ЛЕТЕН КАМП МЕДО ШТЕДО ЗА ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКО СЕЛО”- Со траење од подолг период, кој се организира во едно од постоечките детски одмаралишта во Македонија, Охрид или Струга. Овој проект се спроведува од страна на Шпаркасе Банка Македонија, Црвениот Крст на Град Скопје и СОС Детското село. Средствата за летниот камп Медо Штедо ќе се обезбедат со отворање на донаторска сметка во Банката, на која ќе може да уплаќаат клиентите на банката како и сите останати хумани луѓе.
a

Банкарска азбука

Следете не на социјалните мрежи

      
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје