facebook
you-tube
Барај
Соопштенија за 2010

29 ДЕКЕМВРИ 2010

Пристигнаа музичките инструменти во вредност од 500.000 денари!

Денес, во Државниот музички и балетски училишен центар „Илија Николовски Луј“, на заедничката прес – конференција со Шпаркасе Банка Македонија беа презентирани новите музички инструменти и опрема во вредност од 500.000 денари, со што се реализираше донацијата на Шпаркасе Банка Македонија за училишниот центар.

 

Види повеќе

01 ДЕКЕМВРИ 2013

Новогодишен депозит од Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка Македонија за депозитите орочени во периодот од 1 до 31 декември 2010 година, ќе врши исплата на каматата однапред, првиот работен ден од наредниот месец, односно почнувајќи од 3 јануари 2011 година.  Се работи за краткорочно орочување на денарски влогови или влогови во евра на 6 или 12 месеци, за кои целиот износ на каматата се исплаќа однапред. Каматните стапки се до 7,5% за денарските депозити и до 4% за депозитите во евра. Депозитите орочени во овој период се без можност за разорочување, а минималниот износ на депозитот изнесува 500 денари или 10 евра. 

Види повеќе

20 НОЕМВРИ 2010

Намалена фиксна каматна стапка на станбен кредит од 6,95% во првите три години

Шпаркасе Банка Македонија воведе нов производ во делот на станбените кредити, со фиксна и намалена годишна каматна стапка од 6,95% за првите три години од кредитниот период. За остатокот од кредитниот период, доколку редовно се подмируваат обврските предвидена е променлива годишна каматна стапка од 7,5%, која е исто така, меѓу најповолните каматни стапки кои во моментов се нудат за овој вид кредити во евра.

Види повеќе

09 НОЕМВРИ 2010

Земјоделски кредити до 700.000 евра

Шпаркасе Банка воведе кредити за развој и поддршка на земјоделството. Условите на кредитите се определени според видот и специфичноста на  одделните земјоделски дејности и потребите на земјоделците. 

Така кредитите кои се наменети за примарното земјоделско производство, а можат да ги користат и физички и правни лица, се поделени на: кредити за полјоделство, за овоштарство и лозарство и кредити за сточарство. Висината на овие кредити е до 100.000 евра со рок на отплата и грејс период во зависност од одделната дејност т.е. намена.

Види повеќе

25 ОКТОМВРИ 2010

Нови експозитури на Шпаркасе Битола, Кичево, Скопје

Покрај воведувањето на новото лого и име, како дел од стратегијата, на Банката оваа година е и проширувањето  на мрежата на експозитури на Шпаркасе банка. Годинава беа отворени експозитурите Скопје - БитПазар, Тетово, Прилеп и Неготино, додека  експозитурата во Битола се прошири и се релоцираше на нова атрактивна локација на познатиот Широк сокак.

Види повеќе

16 ОКТОМВРИ 2010

Шпаркасе Банка главен спонзор на Манаки филм 

Овогодинешниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, покрај присуството на интернационалните гости, се здоби со поддршката на уште еден познат меѓународен бренд. ШПАРКАСЕ БАНКА како главен спонзор на фестивалот ја најави својата долгорочна определба за активен партнер во развојот на културата и уметноста во Македонија.

Види повеќе

05 ОКТОМВРИ 2010

Со хуманитарна акција Шпаркасе Банка го означува почетокот на своето работење

По повод влегувањето на гигантот Штаермеркише Шпаркасе Груп, Шпаркасе Банка Македонија, ги претстави и културните вредности за кои се залага Групацијата на којашто припаѓа. По повод ребрендирањето на Банката, која се одржа на 04 Октомври 2010 год., Претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, господинот Срѓан Крстиќ му врачи чек во вредност од 500 илјади денари на директорот на музичко – балетскиот училишен центар „Илија Николовски Луј“, Зоран Џорлев. Овие средства се наменети за обнова и набавка на инструменти за потребите на учениците кои својот талент го градат во рамките на овој училишен центар. Од раководството на Банката велат дека оваа донација, како директна поддршка на културата, за нив значи духовна вредност со која се допринесува за развој на младите таленти и преку тоа збогатување на културниот живот.

Види повеќе

04 ОКТОМВРИ 2010

Спектакуларен ден со Шпаркасе Банка 

Приказаната на Шпаркасе Банка започна претпладне со официјалната прес конференција и со промоција на новото лого на банката, пред просториите на банката на ул. Македонија. 185 те години традиција на својата групација Штаермеркише Шпаркасе, банката ги претстави со 185 ученици кои после официјалната промоција на логотот свечено го обележаа овој дел од настанот со своја интерпретација.

Види повеќе
a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје