facebook
you-tube
Барај
Соопштенија за 2013

08 ОКТОМВРИ 2013

С и М пакет производи по мерка на граѓаните

Банката нуди два вида на пакети, С и М, кои содржат различни видови производи и услуги и граѓаните ќе можат да бираат врз основа на нивните потреби. За С и М пакетите ќе може да се аплицира до 30.06.2014г.

‘‘Секогаш настојуваме да понудиме производи направени по мерка на нашите клиенти и потребите на пазарот. Пакетите за физички лица С и М се наједноставен и најповолен начин за користење на нашите производи и услуги. Посебна поволност е тоа што сите оние кои ќе се одлучат за пакетот М и се нови корисници на Мастер и Виза картичките,  добиваат каматна стапка од 6% за картичките во првите шест месеци  и можноста за подигање на готовина без провизија на банкоматите на банките членки на Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте Групацијата. ‘‘ – изјави г-дин Глигор Бишев, Претседател на УО на Шпаркасе Банка Македонија.

Види повеќе

13 СЕПТЕМВРИ 2013

Во пресрет на 34-тиот интернационален фестивал на филмска камера Браќа Манаки

Во пресрет на овогодинешното 34-то издание на интернационалниот фестивал на филмска камера Браќа Манаки, Шпаркасе Банка ја продолжува традицијата на поддржувач на најреномираниот филмски фестивал во Македонија.

Види повеќе

30 АВГУСТ 2013

Шпаркасе Банка ги додели  наградите од проектот “BEST OF SOUTH EAST” 

Тројцата најдобри од Македонија добија стипендии за обука и стажирање во Штаермеркише Шпакрасе - Грац за 2013/14  

Шпаркасе Банка Македонија ги  додели наградите од конкурсот за стипендии за обука и стажирање во Штаермеркише Шпаркасе - Грац. Програмата  во Македонија се реализираше со поддршка на Економскиот  и Правниот факултет при Универзитетот Св. ‘‘Кирил и Методиј‘‘ Скопје, во соработка со Универзитетот во Грац,  Штаермеркише Шпаркасе и Шпаркасе Банка Македонија. 

Види повеќе

17 АВГУСТ 2013

Шпаркасе Банка спонзор на Кошаркарската федерација на Македонија 

На прес конференцијата која се одржа денес во Спортскиот Центар Борис Трајковски, Шпаркасе Банка Македонија и Кошаркарската федерација на Македонија го презентираа пред македонската јавност нивното партнерство. 

Види повеќе

12 ЈУЛИ 2013

Награда за општествена одговорност за Шпаркасе Банка Македонија

Граѓанската организација Центар за институционален развој – ЦИРа и додели награда на Шпаркасе Банка Македонија за Одговорен однос кон вработените за 2012г. Оваа престижна награда Шпаркасе Банка ја доби за проектот ‘‘Берза на идеи‘‘, проект наменет за вработените чија цел е поттикнување на иновативноста и нивно активно вклучување во развојот и унапредувањето на севкупното работење на банката. Наградата ги вреднува добрите практики на одговорното делување и е признание за Шпаркасе Банка за грижата и развојот на вработените како и активната и континуирана политика на одговорно корпоративно општествено работење.

Види повеќе

09 ЈУЛИ 2013

Децата од СОС Детско село на одмор во летниот камп ‘‘Медо Штедо‘‘ во Струга

Шпаркасе Банка, СОС Детско село, Црвениот крст на град Скопје и граѓаните кои се вклучија во големата хуманитарна акција ‘‘Мојата единствена шанса за летување сте вие‘‘ им овозможија на 30 деца од СОС да летуваат во кампот Солферино во Струга.

Види повеќе

27 ЈУНИ 2013

Успешно завршена првата фаза од проектот на Шпаркасе Банка, Рециклирање? – „КАЖИ ДА!‘‘

На настанот присуствуваа претставници од 34 училишта, претстваници од Шпаркасе Банка и Пакомак, и претставници од општините кои беа вклучени во првата фаза на овој проект.

Проектот Рециклирање? – „КАЖИ ДА!‘‘ со кој Шпаркасе Банка повикува ‘‘За околината вреди да се штеди‘‘ е долгорочен проект чијашто прва фаза заврши. Многу ни е драго што учениците го прифатија нашиот проект и активно учествуваа. Нивниот труд е награден. 

Види повеќе

10 ЈУНИ 2013

Промоција на нови станбени кредити со каматна стапка од 5.50% фиксна за првите пет години или со каматна стапка 5,25% фиксна за првите три години

Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија донесе одлука за именување на Глигор Бишев за нов претеседател на Управниот одбор на банката. По добивањето на лиценцата од страна Народна Банка на Република Македонија од 03.јуни 2013 г-дин Бишев и официјално ја презеде функцијата претседател на Управниот одбор на Банката.

Види повеќе

07 ЈУНИ 2013

Летен камп ‘‘Медо Штедо‘‘ за децата од СОС Детско село

Шпаркасе Банка иницира голема акција за собирање средства за летување на децата од СОС Детско село.

‘‘Мојата единствена шанса за летување сте вие‘‘ е пораката на Шпаркасе Банка, СОС Детско село и Црвениот крст на град Скопје со која ги повикуваат граѓаните да дадат свој придонес за да им овозможат на 30 деца од СОС Детско село  да одат на летување во кампот Солферино во Струга.  

Види повеќе

29 МАЈ 2013

БАНКАРСКА АЗБУКА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Нов проект за едукација за банкарска терминологија

Шпаркасе Банка Македонија започнува нов проект за финансиска едукација наречен ‘‘Банкарска азбука‘‘. Целта на проектот е појаснување и доближување до пошироката јавност на банкарските термини  кои се употребуваат секојдневно при различни банкарски трансакции и услуги. 

Види повеќе

22 МАЈ 2013

Кредитите на Шпаркасе со најповолни услови на пазарот

Шпаркасе ја збогатува својата понуда активирајќи два веќе постоечки кредита кои се актуелни за граѓаните во овој период од годината. Ненаменскиот потрошувачки кредит и станбениот кредит на Шпаркасе Банка кои ќе им бидат достапни на граѓаните кон крајот на мај ги нудат најповолните услови за кредити на пазарот во овој момент.

Види повеќе

11 АПРИЛ 2013

Шпаркасе Банка повикува: ‘‘За околината вреди да се штеди‘‘

Шпаркасе Банка, Министерство за образование и наука и Пакомак во заеднички проект - ‘‘Рециклирање – кажи да!‘‘ - голема акција за рециклирање во основните училишта низ Македонија

‘‘Рециклирање – кажи да!‘‘ е главната порака на еколошкиот проект за едукација  на децата на возраст од 6 до 14 години за рециклирање инициран од Шпаркасе Банка и спроведен во соработка со Министерството за образование и наука и Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување Пакомак. 

Види повеќе

19.03.2013

Банката го зајакнува менаџерскиот тим, г-дин Бишев ќе биде назначен за нов Главен извршен директор

Управниот одбор на Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Грац, стратешкиот акционер на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, постигна договор со г-динот Глигор Бишев за негово назначување за нов Главен извршен директор и Претседател на Управен одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Види повеќе

15 МАРТ 2013

Отворени денови за заштита на личните податоци на потрошувачите

По повод одбележувањето на Денот на потрошувачите, 15 март, а со цел подигнување на јавната свест за заштита на личните податоци на потрошувачите во банкарскиот сектор и друштвата за наплата на долгови, Дирекцијата за заштита на личните податоци...

Види повеќе

31 ЈАНУАРИ 2013

„Најдобрите од Југоистокот“

Шпаркасе Банка и Штаермеркише Шпаркасе во соработка со Универзитетот во Грац, и оваа година ја продолжуваат програмата „Најдобрите од Југоистокот“ за доделување едногодишни стипендии за усовршување и стажирање на студенти и дипломирани лица од областа на економијата и правните науки, од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

Види повеќе
a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје