facebook
you-tube
Барај
Соопштенија за 2015

30 ДЕКЕМВРИ 2015

ИНФОРМАЦИЈА ЗА РАБОТНО ВРЕМЕ - НОВА ГОДИНА

Почитувани клиенти, 

Ве информираме дека Експозитурите на Банката на 31.12.2015 година ќе работат со скратено работно време до 16:00 часот.

Согласно законот за празници на РМ и согласно информацијата на Минисерството за труд и социјална политика, 1 јануари 2016 година(петок) Нова Година е неработен ден за сите граѓани на Р. Македонија.

Прв работен ден по празникот е 02.01.2016 година (сабота). 

 

Види повеќе

28 ДЕКЕМВРИ 2015

ПРОШИРУВАЊЕ НА ДЕЛОВНАТА МРЕЖА НА ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА!

Денес во 12 часот официјално беше отворена 27-та експозитура на Шпаркасе Банка Македонија во населбата Аеродром на Бул. Јане Сандански бр. 113 б, која е втора експозитура во тој реон.

 „Најголемиот приоритет на Шпаркасе Банка е навремена и квалитетна грижа за своите клиенти. Покрај квалитетот на услугите, ние како банка се грижиме и за достапноста на услугите што им ги нудиме на нашите клиенти, затоа што веруваме дека тоа е од големо значење за секој поединец. Потребата да се отвори уште една експозитура во населба Аеродром е само показател дека како банка успеваме да ја реализираме целта за што повеќе задоволни корисници, кои се дел од семејството на Шпаркасе“ – изјави директорката за управување со физички лица на Шпаркасе Банка, г-ѓа Викторија Јовановска.

Види повеќе

11 ДЕКЕМВРИ 2015

ИНТЕРВЈУ Г-ДИН ГЛИГОР БИШЕВ "РАСТЕМЕ ДВОЈНО ПОБРЗО ОД БАНКАРСКИОТ СЕКТОР, А ЛОШИТЕ КРЕДИТИ СЕ НАМАЛЕНИ"

Растеме 

 Шпаркасе Банка ќе го презема оној ризик кај компаниите и населението, што е вграден во цената,  доколку клиентите се соочат со потешкотии, банката има доволно резервации и капитал за да таквиот ризик го апсорбира без банкротство на компанијата или потрошувачот. Таквиот однос да бидеме таму каде што се клиентите и да ги задоволуваме нивните потреби, е осознаено од економските субјекти во Македонија. Тоа ни овозможи во сите сегменти од своето работење  да растеме двојно побрзо од просекот на банкарството во Македонија. Истовремено, професионалното разбирање на потребите на клиентите и оценката на капацитетот за враќање на кредитите, овозможи, Шпаркасе Банка да е една од ретките Банки, каде лошите кредити во 2015 година се намалија за 5,5 процентни поени.


Види повеќе

07 ДЕКЕМВРИ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН 

Почитувани клиенти,

Согласно информацијата на Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ, 8-ми Декември 2015 година (вторник) „ Св. Климент Охридски“ е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје нема да работи на  08.12.2015 г. (вторник).

Ви посакуваме среќен празник!

Срдечен поздрав,

Шпаркасе Банка

Види повеќе

27 НОЕМВРИ 2015

ИНТЕРВЈУ НА Г-ЃА ЕЛЕНА БОГДАНОВА

Интензивно сме присутни на пазарот, препознаваме голем потенцијал за развој на мали и средни претпријатија

Види повеќе

27 НОЕМВРИ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАДГРАДБА НА СИСТЕМ

Почитувани клиенти, 

Ве известуваме дека во недела 29.11.2015 година во периодот од 08:00 до 15:00 часот, ќе се врши надградба и тестирање на системот, поради што сервисот за Електронско Банкарство нема да биде достапен во овој период.

Ви благодариме на разбирањето, 

Срдечен поздрав,

Шпаркасе Банка Македонија

Види повеќе

12 НОЕМВРИ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАДГРАДБА НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО

Почитувани клиенти,

Поради надградба на системот за Електронско Банкарство услугата Електронско Банкарство ќе биде во прекин во недела на 15.12.2015г. во периодот од 09:00 до 14:00 часот.

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Види повеќе

09 НОЕМВРИ 2015

ХУМАНИТАРНА РАБОТНА АКЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ШПАРКАСЕ БАНКА ЗА РАЗУБАВУВАЊЕ НА ДОМОТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ „11-ТИ ОКТОМВРИ“ И „ДОМОТ ЗА ДОЕНЧИЊА И МАЛИ ДЕЦА - БИТОЛА“

Како дел од стратегијата за корпоративна општествена одговорност, оваа сабота Шпаркасе Банка Македонија заедно со своите вработени активно се вклучија во проект кој има за цел да го разубави амбиентот на децата во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“, како и „Домот за доенчиња и мали деца - Битола“.

Оваа акција, покрај основната цел за разубавување и инспирација за повесело опкружување за децата од домовите, исто така има за цел и поттикнување на еколошката свест кај децата кои од оваа сабота заедно со вработените во Шпаркасе Банка се погрижија за создавање на поубав природен амбиент во својот дом.

Види повеќе

22 ОКТОМВРИ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН - ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Драги клиенти,

Согласно информацијата на Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ, 23.10.2015 година (петок) Денот на македонската револуционерна борба е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Шпаркасе Банка,  ви посакува среќен празник!

 

 

Види повеќе

09 ОКТОМВРИ 2015

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН - ДЕН НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

Почитувани клиенти,

Согласно информација на Министерство за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ, 11.10.2015 година (недела) Денот на народното востание, односно 12.10.2015 (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Ве информираме дека Банката нема да работи во понеделник 12.10.2015 година.

Види повеќе

03 ОКТОМВРИ 2015

ВРВНА БЕЗБЕДНОСТ СО ВРВНОТО VOLVO XC90

Во Скопје, во луксузниот амбиент на Шато Камник, во присуство на стотина потенцијални купувачи и деловни партнери, беше организирана промоцијата на потполно новото Volvo XC90 – автомобилот кој го претставува врвот на автомобилската иновација и техника. Во класата на најлуксузните СУВ возила, новото Volvo е со најдобар имиџ и најголема посакуваност, што го потврди и големиот интерес за денешната негова премиера. Со цел поголема достапност на возилото и подобри услови за клиентите во нивната намера да го поседуваат, компанијата МИ-ДА ја промовираше и соработката со Шпаркасе Банка Македонија, С-Лизинг и Винер Осигурување.

Види повеќе

02 ОКТОМВРИ 2015

СУПЕР С - НОВ НЕНАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ СО ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ

Шпаркасе Банка во рамките на своето стратешко партнерство со Винер Лајф ја лансираше новата понуда за ненаменски потрошувачки кредит „Супер С“ со максимален износ до 1.200.000 денари, фиксна каматна стапка за првата година почнувајќи од 5,9% и рок на отплата до 10 години. Новитетот во оваа понуда на ненаменски потрошувачки кредит е дополнителниот осигурителен пакет од Винер Лајф кој вклучува полиса за животно осигурување.

Види повеќе

30 СЕПТЕМВРИ 2015

СО ЗАЕДНИЧКИ СИЛИ ДО ПОЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Денес во спортскиот центар „Борис Трајковски“ беа доделени наградите за проектот „Рециклирање?! - КАЖИ ДА! кој веќе трета година по ред ги опфаќа основните училишта во Скопје

31.344 ученици од 60 основни училишта во општините Гази Баба, Карпош, Центар, Аеродром, Ѓорче Петров и Кисела Вода цела учебна година организирано собираа пластични шишиња, добиваа донација од течен сапун од Пакомак, и учеа за важноста од селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад, времето на распаѓање на материјалите во природата, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија со цел да го увидат бенефитот од правилното однесување со амбалажниот отпад и заштитата на животната средина.

Види повеќе

23 СЕПТЕМВРИ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КУРБАН БАЈРАМ

Почитувани клиенти,

Согласно информацијата од Министерството за труд и социјална политика согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07),  24 Септември 2015 година (четврток), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од исламска вероисповед во Република Македонија.

Ве известуваме дека на ден 24.09.2015 г. нема да работат експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија во Скопје-Чаир, Тетово, Гостивар и Дебар.   

Прв работен ден по празникот е 25.09.2015г. петок.

Ви посакуваме среќен празник!

 

Види повеќе

15 СЕПТЕМВРИ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЕКСПОЗИТУРА АЕРОДРОМ

Почитувани клиенти,

Би сакале да Ве известиме дека експозитурата Аеродром  ќе биде затворена за работа со клиенти во среда, 16.09.2015 година  поради интервенција од страна на ЕВН во реонот и прекин на електрична енергија. Услугите на експозитурата Аеродром повторно ќе можете да ги користите од четврток, 17.09.2015 година.

Во меѓувреме, Ви стојат на располагање останатите експозитури на Шпаркасе Банка.

Ви благодариме за разбирањето.

Види повеќе

07 СЕПТЕМВРИ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН 

Согласно информацијата на Министерство за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ, 08.09.201година (вторник) Денот на независноста, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Банката нема да работи во вторник, 08.09.2015 година.

Види повеќе

27 АВГУСТ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН 

Согласно информацијата на Министерство за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ, 28.08.2015 година (петок) Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за  граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Банката нема да работи во петок, 28.08.2015 година.

Види повеќе

21 АВГУСТ 2015 

ИНТЕРВЈУ СО Г-ДИН САВА ДАЛБОКОВ - ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА ШПАРКАСЕ БАНКА  

На ден 21.08.2015 година во магазинот „Капитал“ беше објавено интервјуто на г-дин Сава Далбоков - Претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија и член на Управен одбор во Штаермеркише Шпаркасе - Грац, Австрија. Целото интервју можете да го погледнете во продолжение.

 


Види повеќе

31 ЈУЛИ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН - ДЕН НА РЕПУБЛИКАТА

Почитувани клиенти, 

Согласно информацијата на Министерство за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ, 02.08.2015 година (недела) е Ден на Републиката, односно 3 август 2015 година (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Банката нема да работи во понеделник 03.08.2015 година.

Види повеќе

30 ЈУЛИ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЕКСПОЗИТУРА КАВАДАРЦИ

Почитувани клиенти,

Би сакале да Ве известиме дека Експозитурата Кавадарци  ќе биде затворена за работа со клиенти поради реновирање од (петок) 07.08.2015г. до (вторник) 11.08.2015г.  Услугите на Експозитура Кавадарци повторно ќе можете да ги користите од среда, 12.08.2015 година (по 11:00 часот).

Види повеќе

27 ЈУЛИ 2015

ПРОМЕНИ ВО НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Врз основа на лично барање, Г-дин Герхард Фабиш се повлече од функцијата член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со цел да посвети повеќе време на неговата функција како Претседател на Австриската асоцијација на штедни банки, за која беше избран во мај минатата година. Ова е исклучително важна функција за Австриските штедни банки и бара постојан ангажман на г-динот Фабиш, во дополнување на неговата „редовна работа“ како Претседател на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата.

 

Види повеќе

15 ЈУЛИ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЕКСПОЗИТУРА ЛЕПТОКАРИЈА

Почитувани клиенти,

Би сакале да Ве известиме дека експозитурата Лептокарија  ќе биде затворена за работа со клиенти во четврток, 16.07.2015 година во периодот од 8:30 до 15:00 часот поради интервенција од страна на ЕВН во реонот и прекин на електрична енергија. Услугите на експозитурата Лептокарија повторно ќе можете да ги користите од сабота, 18.07.2015 година (по 9:00 часот).

Види повеќе

15 ЈУЛИ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЕКСПОЗИТУРА АВТОКОМАНДА

Почитувани клиенти,

Би сакале да Ве известиме дека експозитурата Автокоманда  ќе биде затворена за работа со клиенти во четврток, 16.07.2015 година (по 15:00 часот) и сабота 18.07.2015 година.  Услугите на експозитурата Автокоманда повторно ќе можете да ги користите од понеделник, 20.07.2015 година (понеделник), со почеток од 10:00 часот.

Види повеќе

09 ЈУЛИ 2015

НОВ GO4 ЛИЗИНГ ПАКЕТ

Стратешко партнерство помеѓу Шпаркасе Банка Македонија, С Лизинг, Винер Осигурување и Винер Лајф Oсигурување

Види повеќе

08 ЈУНИ 2015

ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ОД СРЦЕ ЗА СРЦЕ“

Во рамките на оваа кампања на 07.06.2015 г. (недела), на Школка во Градскиот Парк во Скопје, се одржа настан на кој беше промовирана книгата „Од срце за срце“, која претставува збирка од најкреативните 100 дела, испратени од дечињата кои учествуваа во проектот.

Види повеќе

02 ЈУНИ 2015

ИНТЕРВЈУ СО ГЛИГОР БИШЕВ - ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ШПАРКАСЕ 

Интервју со Глигор Бишев - Претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка во месечниот бизнис магазин „Економија и бизнис“

Види повеќе

02 ЈУНИ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЛОКАЦИЈА НА ЕКСПОЗИТУРА ЧАИР

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека од понеделник 08.06.2015 година (со почеток од 11:00 часот), услугите на Експозитурата Чаир ќе можете да ги користите на новата локација, ул. Џон Кенеди бр.155. Експозитурата ќе биде во функција на постоечката локација ( ул. Цветан Димов бр.153/1) заклучно со петок 05.06.2015 година до 12:00 часот. Изменетиот режим на работно време е прилагоден само за периодот на преместување на експозитурата на новата локација, по што експозитурата ќе продолжи да функционира со редовното работно време.

Види повеќе
 

28 МАЈ 2015

ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО 2015 (SOCIAL IMPACT AWARD 2015)

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве информираме дека вечерва беше доделена Наградата за социјално претприемништво 2015 (Social Impact Award 2015). Идејата насловена како „Добра земја“ од областа на здраво и органско производство на храна е добитник на парична награда од 3.000 евра, второнаграден е тимот на „Coolinari 2.0” кој својата идеја за социјален бизнис ја развива во областа на гастрономијата, додека третата награда ја освои тимот на „Концентрациска соларна електрана“ за енергетска одржливост. Сите три парични награди во вкупна вредност од 6.000 евра се обезбедени од Шпаркасе Банка Македонија.

Види повеќе

28 MAJ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН - ДУХОВДЕН

Согласно информацијата од Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ,  29 мај 2015 година (петок), Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Банката нема да работи на 29.05.2015 година (петок).

Во сабота (30.05.2015) Банката ќе работи со редовен работен режим како за сабота. 

Види повеќе

22 МАЈ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН - СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Согласно информацијата од Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ, 24-ти мај 2015 година (недела), „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители, односно 25-ти мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Банката нема да работи на 25.05.2015 година (понеделник).

Прв работен ден по празникот е 26.05.2015 година (вторник)


Види повеќе

21 МАЈ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЛОКАЦИЈА НА ЕКСПОЗИТУРА ЛЕПТОКАРИЈА

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека од понеделник 01.06.2015 година (со почеток од 11:00 часот), услугите на Експозитурата Лептокарија ќе можете да ги користите на новата локација, ул.Партизански Oдреди102-Г (веднаш до бензинската Окта). Експозитурата ќе биде во функција на постоечката локација (Партизански Oдреди 64б) заклучно со четврток 28.05.2015 година до 12:00 часот. Изменетиот режим на работно време е прилагоден само за периодот на преместување на експозитурата на новата локација, по што експозитурата ќе продолжи да функционира со редовното работно време.

Види повеќе

07 МАЈ 2015

ШПАРКАСЕ БАНКА И МАРАТОНЕЦОТ СМИЛКОВ ЌЕ ТРЧААТ ЗА ХУМАНОСТ

Шпаркасе Банка ќе издвојува одреден износ за секој истрчан километар на своите вработени, средства кои ќе бидат наменети за лекување на Марга Велеска и Јовица Блажевски. 

Види повеќе

30 АПРИЛ 2015

ИНТЕРВЈУ СО ДАМИР ИВАШТИНОВИЌ - КАНДИДАТ ЗА ЧЛЕН НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА

На ден 30.04.2015 година во магазинот „Капитал“ беше објавено интервјуто на Дамир Иваштиновиќ - кандидат за член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија. Целото интервју можете да го погледнете во продолжение.

Види повеќе

30 АПРИЛ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН - ДЕН НА ТРУДОТ

Драги клиенти, 

Согласно информацијата на Министерството за труд и социјална политика и Законот за празници на РМ, 01.05.2015 година (петок), Ден на трудот е неработен ден за граѓаните на Република Македонија. 

Ве информираме дека Шпаркасе Банка нема да работи на 01.05.2015 година (петок). Прв работен ден по празникот е 02.05.2015 година (сабота).

Види повеќе

09 АПРИЛ 2015

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ - ВЕЛИКИ ПЕТОК И ВЕЛИГДЕН

Согласно информацијата на Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ, 10.04.2015 година (петок) Велики Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Понеделник, 13.04.2015 година, Велигден, вториот ден на Велигден, е неработен ден за сите граѓани на РМ.

Види повеќе

07 АПРИЛ 2015

ДОНАТОРСКА КАМПАЊА „ОД СРЦЕ ЗА СРЦЕ“ЗА ДЕЦАТА ОД СОС ДЕТСКО СЕЛО

Денес во СОС Детско село Скопје се одржа конференција за медиуми на која беше најавен почетокот на донаторската кампања „Од срце за срце“ во организација на СОС Детско село, Шпаркасе Банка и Медиа Принт Македонија.

Види повеќе

3 АПРИЛ 2015

ЗАПОЧНУВА НАГРАДНАТА ИГРА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Со кредитните картички на Шпаркасе до викенд патување 

На 6 април започнува наградната игра на Шпаркасе Банка во која главните награди се незаборавни викенд патувања за двајца на различни дестинации во Македонија.

Право на учество имаат сите полнолетни лица корисници на MasterCard Standard и VISA Classic кредитните картички кои во било кои од трите наградни периоди ќе остварат промет во трговија во минимален износ од 2.000,00 денари, а корисниците на MasterCard Gold и VISA Gold промет во минимален износ од 12.000,00 денари.

Види повеќе

26 МАРТ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека на ден 27.03.2015 г. (петок) поради наддградба на системот, услугите на Експозитура – Централа, со адреса на ул. Македонија 9-11, Скопје, ќе можете да ги користите најдоцна до 17:45 часот. 

Види повеќе

25 МАРТ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАДГРАДБА НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО

Почитувани клиенти,

Поради надградба на системот за Електронско Банкарство услугата Електронско Банкарство ќе биде во прекин од 18:00 часот во петок 27-ми март до 12:00 часот во сабота 28-ми март.

Види повеќе

23 МАРТ 2015

КРЕДИТНО ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ПОГОЛЕМА СИГУРНОСТ

Без ризик е новиот производ од Винер Лајф осигурување и Шпаркасе Банка кој ги спојува потрошувачкиот кредит и животното осигурување во уникатна понуда на пазарот. Новиот производ претставува кредит со дополнителна заштита обезбедена преку животното осигурување на кредитобарателот и нуди поголема сигурност во отплатата на кредитот.

Кредитното животно осигурување е еден од најпопуларните и барани производи на осигурителните пазари, во кој што животното осигурување го покрива остатокот од кредитниот долг во случај на несреќа со што семејството се ослободува од наследни долгови.

Види повеќе

20 МАРТ 2015

ШПАРКАСЕ БАНКА И ПАКОМАК ВЕ ПОКАНУВААТ НА ЕКО - МАСКЕНБАЛ

Шпаркасе Банка и Пакомак ве покануваат на најзабавниот маскембал во градот кој ќе се одржи на 1 Април во Ramstore Mall со почеток од 17:00 часот. Потребно е само да го пријавите своето учество на најголемиот еко маскембал на инфо пултот во Ramstore Mall до 31.03.2014 година и освојте велосипед, ролерки или скирол. Право на учество имаат 100 маски кои треба да бидат изработени од материјали кои се рециклираат.

Види повеќе

06 МАРТ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАДГРАДБА НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО

Почитувани клиенти,

Поради надградба на системот за Електронско Банкарство можни се прекини на услугата во периодот од 00:00 до 03:00 часот на 08.03.2015 година (недела).

Види повеќе

03 МАРТ 2015

СТАНБЕН КРЕДИТ СО ФИКСНА КАМАТНА СТАПКА ЗА ПРВИТЕ 10 ГОДИНИ

 На денешното отворање на Саемот за градежништво Шпаркасе Банкa го промовираше новиот станбен кредит во соработка со Настел со фиксна каматна стапка за првите 10 години. Со овој уникатен производ на пазарот, Шпаркасе Банка ја збогатува својата понуда со кредити кои на граѓаните им овозможува поголема сигурност во планирањето на своето домување и планирање на иднината.

‘‘Во соработка со Настел ја креиравме оваа уникатна понуда за станбен кредит со фиксна каматна стапка за првите 10 години. На овој начин Шпаркасе Банка ја потврдува својата определба да биде стабилен финансиски партнер на семејството, со тоа што им овозможува однапред планирање на трошоците и правилно распоредување на својот семеен буџет. Секако оваа понуда е овозможена со поддршка на нашата матична Банка Штаермеркише Шпаркасе, која оваа година го слави својот 190-ти роденден.‘‘, рече г-дин Глигор Бишев, Претстедател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.

Види повеќе

20 ФЕВРУАРИ 2015

ИНТЕРВЈУ СО ЕЛЕНА БОГДАНОВА - ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ

Суштината на проектното финансирање е во тоа што фокус на интерес на Банката е самиот проект како нова и независна деловна идеја, одвоена од постоечкиот бизнис на фирмите кои барааат финансирање на своите нови и свежи идеи. Скоро секогаш станува збор за новооснована фирма, која што нема предисторија и е строго формирана за реализација на одреден проект. Клучно за одлуката за финансирање е добрата идеја, одржливоста на проектот и посветеноста на компаниите на нивниот проект преку обезбедување на одреден почетен капитал.

Види повеќе

18 ФЕВРУАРИ 2015

ПРОМЕНА ВО СОСТАВОТ НА УПРАВНИОТ ОДБОР

Досегашниот член на Управниот одбор, г-ѓа Александра Радиќ заминува на друга менаџерска позиција во Групацијата Ерсте и Шпаркасе. Г-дин Дамир Иваштиновиќ номиниран за член на Управниот одбор одговорен за ризици и операции.

Види повеќе

06 ФЕВРУАРИ 2015

РАЗМИСЛУВАЈ СО СРЦЕ!ВКЛУЧИ СЕ ВО АКЦИЈАТА ЗА ПОМОШ НА ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА ВО МАКЕДОНИЈА.

Покажете ја вашата хуманост во најтешки времиња на оние на кои им е најпотребно. 

Види повеќе

05 ФЕВРУАРИ 2015

ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ „НАЈДОБРИТЕ ОД ЈУГОИСТОКОТ“

Шпаркасе Банкa го објави конкурсот за студенти и дипломци „Најдобрите од Југоистокот“ кој веќе традиционално се реализира во Македонија. Нашите студенти и дипломци ќе имаат можност да добијат една од наградите кои им овозможуваат обука и пракса на Универзитетот Карл Франценс и Универзитетот за технологии во Грац, како и стипендија за Универзитетот за музика и применета уметност  во соработка со Операта во Грац, Австрија. 


Види повеќе

27 ЈАНУАРИ 2015

НАГРАДА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО 2015 (SOCIAL IMPACT AWARD 2015)

Денес во Скопје официјално беше отворен конкурсот за избор на најдобро иновативно решение во сферата на социјалното претприемништво ‘‘Наградата за социјално претприемништво 2015‘‘ (Social Impact Award 2015) наменето за студенти и млади од Македонија.

Оваа награда се доделува во 10 Европски земји со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna. Годинава за прв пат се организира и во Македонија од страна на Младиинфо Интернационал, поддржана од Шпаркасе Банка Македонија и во партнерство со Њу Менс Бизнис Акцелераторот во Скопје.                       

 

Види повеќе

20 ЈАНУАРИ 2015

ПРОЦЕСИРАЊЕ ЗА ХРВАТСКИ ПЕНЗИИ ПРЕКУ ШПАРКАСЕ БАНКА

Почитувани клиенти,

Со задоволство сакаме да Ве информираме дека започнувајќи од јануари 2015 година, Шпаркасе Банка ќе биде овластен агент за процесирање на хрватските пензии до останатите банки во Македонија.

Имено, клиент кој прима хрватска пензија преку Шпаркасе Банка ќе има значително пониска провизија отколку било кој друг клиент во друга банка, од причина што нема да ја плаќа посредничката провизија за обработка на трансакцијата.

Види повеќе

16 ЈАНУАРИ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН - БОГОЈАВЛЕНИЕ (ВОДИЦИ)

Драги клиенти, 

Согласно информацијата на Министерството за труд и социјална политика и Законот за празници на РМ, 19.01.2015 година (понеделник), Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во РМ. 

Ве информираме дека Шпаркасе Банка нема да работи на 19.01.2015 година (понеделник). Прв работен ден по празникот е 20.01.2015 година (вторник).

Види повеќе

14 ЈАНУАРИ 2015

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НОВИ ИНСТРУКЦИИ ЗА ДЕВИЗНИ ПРИЛИВИ

Во согласност со Централизацијата на девизниот платен промет со Ерсте групацијата, Ве известуваме дека од 01.11.2014 година сите приливи независно од валутата и банката би требало да се пренасочат според следнава диспозиција: 

  

Види повеќе

05 ЈАНУАРИ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ - БАДНИК И БОЖИЌ

Согласно информацијата на Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празници на РМ, 6-ти Јануари 2015 (вторник) Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за сите граѓани од православна вероисповед и 7-ми Јануари 2015 (среда), првиот ден на Божиќ според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на РМ. 

Види повеќе
a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје