facebook
you-tube
Барај
Соопштенија за 2017

06 НОЕМВРИ 2017

HAPPY MONDAY - НАГРАДНА ИГРА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Шпаркасе Банка Македонија од денес ја започна Happy Monday, новата наградна игра за корисниците на дебитнитe и на кредитните картички Mastercard, со богат фонд на парични награди. Во периодот од 6 ноември до 31 декември клиентите на Шпаркасе Банка имаат можност да освојат дневни награди по 5.000,00 МКД, неделни награди по 50.000,00 МКД и главна награда во износ од 500.000 МКД за најсреќниот добитник.

Види повеќе

02 НОЕМВРИ 2017

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НАДГРАДБА НА СИСТЕМОТ НА БАНКАТА

Почитувани,

Ве информираме дека Банката прави надградба на системот и можни се одредени прекини во функционирањето на банкоматите, читачите на картички и картичките кои се издадени од Банката. Вoедно ве известуваме дека во следниот период заклучно со месец ноември на одредени банкомати од технички причини ќе биде оневозможена услугата за промена на пин.

За корисничка поддршка ве молиме да се обратите на бројот од Контакт центарот 02/3200-600. 

Види повеќе

01 НОЕМВРИ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СМС НОТИФИКАЦИИ 

Почитувани,

Ве информираме дека на 01.11.2017 година (среда) и 02.11.2017 година (четврток) поради надградба на системот на Банката, можни се прекини во функционирањето на услугата СМС известувања при користењето на платежните картички.

За дополнителни информации ве молиме да се обратите на бројот за Контакт центарот 02/3200-600.

Види повеќе

31 ОКТОМВРИ 2017

НАГРАДИ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ НА КОНКУРСОТ „ШТЕДИ, КРЕИРАЈ, ПОБЕДИ!“ 

Во просториите на СОС Детско село, Шпаркасе Банка Македонија  ги награди најкреативните творби од детскиот конкурс „ШТЕДИ, КРЕИРАЈ, ПОБЕДИ!“. По повод Светскиот ден на штедењето - 31 октомври, Шпаркасе Банка организираше мал забавен настан за учесниците на конкурсот заедно со децата без родители и родителска грижа згрижени во рамките на СОС Детско село, во населбата Ченто. 

Види повеќе

27 ОКТОМВРИ 2017

КД ФОНДОВИ СО НОВА ДЕПОЗИТНА БАНКА - ШПАРКАСЕ БАНКА

Шпаркасе Банка Македонија почнувајќи од 20.10.2017г. ги презеде активностите на депозитарна банка на инвестициските фондови со кои управува КД Фондови АД Скопје. По добиеното одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија, Шпаркасе Банка Македонија стана депозитарната банка на инвестициските фондови КД БРИК, КД НОВА ЕУ, КД ТОП БРЕНДОВИ и КД КЕШ ДЕПОЗИТ.

Банката во изминатите години посветено ја развиваше понудата на финансиски и нефинансиски производи и услуги и создаде широко портфолио на т.н. „финансиски супермаркет“, каде што граѓаните и компаниите на едно место можат да ги добијат потребните услуги од банкарското работење, лизингот, осигурувањето, а отсега и за инвестициските фондови.

Види повеќе

24 ОКТОМВРИ 2017

НОВ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА КАРТИЧНО РАБОТЕЊЕ

Почитувани,

Ве известуваме дека почнувајќи од 01.11.2017 година телефонскиот број за корисничка поддршка за картично работење е променет.
Во иднина за сите ваши потреби обратете се на телефонскиот број на Контакт центарот на Банката 02/3200 600, кој ви стои на располагање 24/7.

Види повеќе

20 ОКТОМВРИ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН

Почитувани,

Согласно информација од Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2017 година (понеделник), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

 

Види повеќе

11 ОКТОМВРИ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН

Почитувани,

Согласно информација од Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2017 година (среда), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на  Република Македонија.. 

Шпаркасе Банка Македонија нема да работи на 11 октомври 2017 година (среда) 

Види повеќе

06 ОКТОМВРИ 2017

SOCIAL IMPACT AWARD 2017

„Social impact award" се доделува  трета година по ред, а од Шпаркасе Банка Македонија, покровители на настанот, силно веруваат дека овие идеи ќе направат видлива промена и ќе бидат значаен придонес кон подобро и поквалитетно општество.

Види повеќе

28 СЕПТЕМВРИ 2017

ERSTE INVESTORS' BREAKFAST

5-та конференција во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија.

 

 


Види повеќе

21 СЕПТЕМВРИ 2017

ПРОЕКТОТ "РЕЦИКЛИРАЊЕ?! - КАЖИ ДА!" ПО ПЕТТИ ПАТ ГИ ДОДЕЛИ НАГРАДИТЕ ЗА НАЈДОБРИ УЧИЛИШТА

Учениците од сите основни училишта во осум скопски општини, веќе петта година по ред преку проектот  „Рециклирање?! - КАЖИ ДА!“ по иницијатива на Пакомак - Друштво за управување со пакување и отпад од пакување и Шпаркасе Банка, имаат можност да учат за бенефитите од селектирањето и рециклирањето на амбалажниот отпад, но и во поширока смисла да осознаваат за волонтерската работа која развива свесност за општествените проблеми, поттикнува заедништво и активизам, соработка и изнаоѓање на соодветни решенија. 

 Види повеќе

18 СЕПТЕМВРИ 2017

АЛВИН АЛИЧЕВИЌ НОМИНИРАН ЗА ЧЛЕН НА УО ОДГОВОРЕН ЗА РИЗИЦИ И ОПЕРАЦИИ

По изминати 2,5 години во Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, со надлежност одговорен член за управување со ризици, г. Дамир Иваштиновиќ ја продолжува кариерата во рамките на Ерсте и Шпаркасе Групацијата. Почнувајќи од 15.9.2017 г., г. Иваштиновиќ ќе ја преземе позицијата член на Управниот одбор одговорен за управување со ризици и финансии во Ерсте Банка Црна Гора – една од најуспешните членки на Групацијата во регионот. 

Види повеќе

07 СЕПТЕМВРИ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН

Почитувани,

Согласно информација од Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07),  8 септември 2017 година (петок), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. 

Ве известуваме дека Банката нема да работи на 08 септември 2017 година (петок),

Во сабота експозитурите на Шпаркасе Банка ќе продолжат да работат со нормален режим на работа.

Види повеќе

06 СЕПТЕМВРИ 2017

ШПАРКАСЕ БАНКА ВО ШТИП, ОТСЕГА НА НОВА ЛОКАЦИЈА

6.9.2017 г. (Скопје) – Со свечен настан во текот на вчерашниот ден Шпаркасе Банка Македонија го прослави почетокот на работењето на својата експозитура на нова локација во Штип, на ул. „Јосиф Ковачев“ бр. 15.

Види повеќе

04 СЕПТЕМВРИ 2017

ШПАРКАСЕ БАНКА И КНИЖАРНИЦАТА АЛБИ СО ПОДАРОЦИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ

Драги ученици и родители,

Ги започнавте подготовките за новата учебна година?

Заедно со Алби и Шпаркасе Банка може да тргнете во вистински шопинг со вашите најмили и комплетно да се опремите со одличен училишен прибор, нов ранец, тетратки по квадратчиња или линии, моливи и гуми… и сè она што е потребно за успешен почеток!

Разгледајте ја одличната понуда на следниот линк https://albi.com.mk/ и искористете ги супер попустите за плаќање со платежна картичка од Шпаркасе Банка во периодот од 04.09 – 30.09.2017 г., во продавниците на книжарницата Алби, во Скопје и Охрид

Види повеќе

01 СЕПТЕМВРИ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН

Почитувани,

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 1 септември 2017 година (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија.

Согласно горенаведеното, ве известуваме дека експозитурите Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар и Кичево нема да работат на 01 септември 2017. Прв работен ден по празникот е 02 септември 2017 (сабота), со исклучок на експозитурата Дебар која ќе продолжи со работа на 04 септември 2017 (понеделник).

Види повеќе

25 АВГУСТ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН

Почитувани,

Согласно информација од Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 август 2017 година (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Шпаркасе Банка нема да работи на 28 август 2017 година (понеделник),

Прв работен ден по празникот е вторник 29.08.2017 година.

Шпаркасе Банка Македонија им го честита празникот на сите од православната вероисповед.

Види повеќе

01 АВГУСТ 2017

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ИЛИНДЕН

Почитувани,

Согласно информацијата на Министерство за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ, 02.08.2017 година (среда), Денот на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Банката нема да работи утре 02.08.2017 година (среда). Прв работен ден по празникот е четврток 03.08.2017 година.

Честит празник! 

Види повеќе

27 ЈУЛИ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ - ЕКСПОЗИТУРА ДЕБАР

Драги клиенти,

Ве известуваме дека Експозитура Дебар ќе работи со изменет работен режим, односно ќе работи од понеделник до петок од 08.30ч. до 16.30ч. Во сабота Експозитурата нема да работи.

Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство.

 

 

Види повеќе

25 ЈУЛИ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КЛИЕНТИ - РЕЛОКАЦИЈА НА ЕКСПОЗИТУРА ШТИП

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека од понеделник 14.08.2017 година (со почеток од 11:00 часот), услугите на Експозитурата во Штип ќе можете да ги користите на новата локација, ул. Ј.Ковачев бр. 15.

Види повеќе

19 ЈУЛИ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАДГРАДБА НА СИСТЕМ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека поради редовно одржување и надградба на електронското банкарство, истото ќе биде во прекин денес 19.07.2017г.  во периодот од 22:00 до 22:30 часот. 

Срдечен поздрав,

Шпаркасе Банка

Види повеќе

05 ЈУЛИ 2017

S-BANKING НОВА МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА ЗАЕДНО СО УНИКАТНАТА ОПЦИЈА „СЛИКАЈ И ПЛАТИ“!

 Шпаркасе Банка Македонија на денешната прес-конференција ја претстави својата нова апликација S-Banking, која покрај многубројните функционалности за лесно и едноставно користење на банкарските услуги, на клиентите им ја овозможува уникатната можност за плаќање на режиските трошоци со опцијата „Сликај и плати“. 

Новата мобилна апликација на корисниците ќе им овозможи достапност до банкарските услуги 24 часа секој ден од неделата, лесно и едноставно управување со нивните парични средства, можност за подмирување на месечните ануитети, вршење пренос на средства, вршење на менувачко работење, како и информирање за достапните локации на експозитурите и банкоматите на Шпаркасе Банка Македонија.

Види повеќе

23 ЈУНИ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН

Почитувани,

Согласно информација од Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 25 јуни 2017 година (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни 2017 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Шпаркасе Банка нема да работи на 26 јуни 2017 година (понеделник).

Шпаркасе Банка Македонија им го честита Рамазан Бајрам на сите од муслиманска вероисповед.

Види повеќе

01 ЈУНИ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН

Почитувани,

Согласно информацијата од Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на Република Македонија (“Службен весник на РМ”, бр.21/98 и 18/07), 2 јуни 2017 година (петок), Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Шпаркасе Банка нема да работи на 2 јуни 2017 година (петок).

Види повеќе

26 MAJ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ - ЕКСПОЗИТУРА ГЕВГЕЛИЈА

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека на ден  27.05.2017 (сабота) експозитурата на Шпаркасе Банка во Гевгелија нема да работи поради изведување на активности од страна на ЕВН и недостиг на електрична енергија.

Во овој период, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на банкарски трансакции и услуги, односно банкоматот кој е лоциран на ул. Слободан Митров Данко бр.78 и електронското банкарство.

Експозитурата ќе продолжи да работи со редовно работно време на ден 29.05.2017 (понеделник).

Види повеќе

23 MAJ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН

Почитувани,

Согласно информација од Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2017 година (среда), „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Шпаркасе Банка нема да работи на 24 мај 2017 година (среда)

Шпаркасе Банка Македонија Ви го честита празникот.

Со почит,

Види повеќе

04 МАЈ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАДГРАДБА НА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО

Почитувани,

Поради надградба на системот за електронско банкарство, услугата ќе биде во прекин денес 04.05.2017 година, од 22:00 до 22:30 часот .

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија

Види повеќе

28 АПРИЛ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН

Почитувани,

Согласно информацијата на Министерство за труд и социјална политика и согласно Законот за празници на РМ, („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 1 мај 2017 година (понеделник), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Шпаркасе Банка нема да работи во понеделник 01.05.2017 година. 

Во сабота 29.04.2017 година Шпаркасе Банка ќе работи како вообичаено со редовен режим на работа за сабота.

Шпаркасе Банка Македонија Ви го честита Денот на трудот.

Со почит,

Види повеќе

27 АПРИЛ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ

Почитувани пензионери,

Ве известуваме дека пензијата за месец април за сите корисници на услугата „Пензија на 1-ви“ ќе биде исплатена утре (петок) на 28.04.2017 година. 

Со почит, 

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Види повеќе

13 АПРИЛ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ - ВЕЛИГДЕН

Согласно информацијата на Министерство за труд и социјална политика и согласно Законот за празници на РМ, („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 14 април 2017 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Исто така 17 април 2017 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Види повеќе

07 АПРИЛ 2017

СМС ИЗВЕСТУВАЊЕ - НОВА УСЛУГА ОД ШПАРКАСЕ БАНКА

Започнувајќи од 01.04.2017 г. Шпаркасе Банка Македонија воведе нова услуга, со која им овозможува на своите клиенти користење на услугата СМС-известувања. Со испраќање СМС-пораки на мобилниот телефонски број на корисникот, клиентите може да бидат постојано во тек, да ги следат и да ги контролираат  трансакциите направени со платежните картички од Шпаркасе Банка!

 Понудата е достапна за сите физички лица, кои отсега имаат можност да добиваат СМС-известувања за промените на трансакциската сметка како и за различен тип трансакции:

•    СМС-известување за прилив на трансакциска сметка
•    СМС-известување за трансакции со платежни картички
•    СМС-известување за важност на картичка (на првиот работен ден од месецот кога истекува картичката)

 

Види повеќе

04 АПРИЛ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАДГРАДБА НА СИСТЕМ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО

Почитувани,

Поради надградба на системот за електронско банкарство, Ве известуваме дека се можни прекини во достапноста на услугата во периодот од 01:30 до 02:00 часот во среда, 05.04.2017 година.

 

Види повеќе

29 МАРТ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАДГРАДБА НА СИСТЕМ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО

Почитувани,

Поради надградба на системот за електронско банкарство, Ве известуваме дека се можни прекини во достапноста на услугата во периодот од 01:00 до 03:00 часот во четврток, 30.03.2017 година.

Ви благодариме на разбирањето. 

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Види повеќе

22 МАРТ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КЛИЕНТИ

Почитувани,  

Поради надградба на системот за електронско банкарство, услугата ќе биде во прекин 30 минути започнувајќи од 20:30 часот на 22.03.2017 година.

Види повеќе

21 МАРТ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КЛИЕНТИ

Почитувани,

Ве известуваме дека поради надградба на системот на Банката, електронското банкарство ќе биде во краток прекин денес во 16:30 часот.

Види повеќе

16 МАРТ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КЛИЕНТИ

Почитувани,

Ве известуваме дека поради надградба на системот на Банката, во сабота 18.03.2017г.  во прекин ќе биде услугата за Електронско банкарство и веб страната на Банката, во периодот од 20:00 до 00:00 часот.

Види повеќе

28 ФЕВРУАРИ 2017

НОВА АТРАКТИВНА ПОНУДА ЗА СТАНБЕН КРЕДИТ

Денес по повод Саемот на градежништво, Шпаркасе Банка Македонија ја објави новата атрактивна понуда за станбен кредит со поволни фиксни каматни стапки од 3,25% за првите три години и 4,40% за следните две.

Види повеќе

24 ФЕВРУАРИ 2017

ОТВОРАЊЕ НА НАГРАДАТА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

 Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award) и оваа година, по третпат се организира во Македонија. Оваа награда е веќе присутна во 20 земји од светот, а истата е поддржана од Фондацијата ЕРСТЕ и Импакт Хаб Виена.

Види повеќе

20 ЈАНУАРИ 2017

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ШПАРКАСТИЧНАТА НАГРАДНА ИГРА

Денес, во 12:00 ч. во салонот на Аутомакедонија во Автокоманда беа доделени наградите од Шпаркастичната наградна игра, која беше организирана од Шпаркасе Банка Македонија за корисниците на платежните картички MasterCard, во периодот од 1.11.2016 до 31.12.2016 година.

Официјалното извлекување се одржа на 13.1.2017 г., во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, под контрола за регуларност на тричлена комисија, составена од двајца претставници од Банката и овластен нотар.

Право на учество во наградната игра имаа сите постојни и нови корисници на платежните картички MasterCard издадени од Шпаркасе Банка, кои со секоја трансакција над 300,00 денари во периодот од 1.11.2016 до 31.12.2016 година стекнуваа шанса за учество, а со бесконтактната картичка MasterCard Contactless двојно учество. Одличните награди привлекоа големо внимание и им донесоа голема радост на среќните добитници:

Види повеќе

18 ЈАНУАРИ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН

Почитувани,

Согласно информација од Министерството за труд и социјална политика, согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 19 јануари 2017 година (четврток), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Види повеќе

13 ЈАНУАРИ 2017

ШПАРКАСТИЧНА НАГРАДНА ИГРА - ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДИ

 Извлекувањето на добитниците на награди од наградната игра "Шпаркастична наградна игра! Купувај со картичките MasterCard на Шпаркасе Банка и освој вредни награди" беше одржано на ден 13.01.2017 година со почеток од 12.00 часот во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со адреса ул. Македонија 9-11, 1000 Скопје.

Види повеќе

09 ЈАНУАРИ 2017

НОВА ДИРЕКЦИЈА ЗА УСЛУГИ СО ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Почитувани клиенти,  

Задоволство ни е да Ве известиме дека од 9 јануари, во рамки на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје започна со работа новата Дирекција за услуги со хартии од вредност, која покрај останатите услуги, на клиентите ќе им нуди и брокерски услуги (тргување со хартии од вредност).  

Во делот на брокерските услуги, од страна на нашиот тим од искусни и едуцирани брокери ќе Ви биде овозможено брзо и едноставно тргување со хартии од вредност на:

Види повеќе

09 ЈАНУАРИ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КЛИЕНТИ

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека поради проблем со напојувањето на електрична енергија дел од телефонските линии се вон употреба.

За поддршка за електронско банкарство можете да се обратите на телефонскиот број 02/3200-618.

Види повеќе
a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје