facebook
you-tube
Барај
Соопштенија за 2016

02 ОКТОМВРИ 2016

НАГРАДЕН КОНКУРС НА ШПАРКАСЕ БАНКА И КОЛИБРИ 

Пред точно 92 години, на 31 октомври 1924 година, во Милано , Италија, се состанале најголемите светски банкари од дури 29 земји и се договориле токму овој датум да се прогласи за Светски ден на штедењето.

Тоа е направено за да се обрне внимание на тоа колку вреди да се штеди, затоа што заштеденото може да го искористите токму кога ви е најпотребно.

Посакајте си нешто убаво и бидете истрајни за да го добиете. Но, не истрајни со молење или плачење, туку со штедење и собирање денар по денар. Секој ден заштеденото се зголемува и на крајот ќе имате доволно да си го купите тоа што сте го посакале на почетокот.

Е, затоа вреди да се штеди! 

Кога штедат децата, тоа се вика Детско штедење. Најсигурно е да ги штедите вашите пари во банка. Банката покрај тоа што ви ги чува парите, таа и ви подарува уште неколку денари, како подарок за истрајноста.

Уште една одлична причина зошто вреди да се штеди!

Една од најстарите банки во светот, банка со традиција од повеќе од 190 години е Шпаркасе Банка. Најголеми детски штедачи во Шпаркасе Банка се Медо Штедо и Медена.

Тие ве покануваат да ја обоите нивната боенка со најубавите бои. Фотографирајте ја боенката и испратете ја на адресата kolibri@novamakedonija.com.mk најдоцна до 27.10.2016 г.

Сите пристигнати боенки ќе добијат симболични подароци од Медо Штедо и Медена.

Жири - комисија ќе ги разгледа сите боенки и најдобрата ќе добие штедна книшка со средства во вредност од 6.000 денари.

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје