Употребата на девизни гаранции и акредитиви во меѓународната трговија овозможува подобра соработка со странските партнери, како и одложено плаќање, неопходно за одржување балансиран готовински тек и зголемување на ефикасноста на работењето. За извозниците, што не сакаат да го преземат ризикот за наплата на побарувањето, ние нудиме конфирмирана гаранција или акредитив, со што ви се овозможува сигурна наплата на вашите побарувања под услов да ја испорачате стоката/услугата со поднесување уредни документи во согласност со условите од акредитивот.
Исто така доколку сте купувач/увозник, вашите интереси се осигурани бидејќи исплатата на договорената сума ќе се изврши дури откако продавачот (извозникот) ќе покаже со документи дека услугата/стоката е испорачана во согласност со договорената количина, квалитет и рок.
Издавање на девизни (ностро) гаранции
Со користењето на овој производ на Банката, ви се овозможува да добиете одложено плаќање на стоката што ја увезувате, со што си ги подобрувате паричните текови во секојдневното работење.
Известување за примена извозна (лоро) гаранција
Доколку добиете гаранција во ваша корист, ви нудиме брзо и квалитетно проследување на гаранцијата, при што Банката не презема никаква одговорност по примената гаранција но, може да ви понуди советување дали гаранцијата е во согласност со Еднообразните правила за гаранции на Меѓународната трговска комора од Париз.