ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА - КРЕДИТИ (ПРАВНИ ЛИЦА)
Одговори на најчесто поставувани прашања.
- Правното лице треба да биде регистрирано во Централниот регистар на РСМ, да има активна платежна сметка, позитивни финансиски резултати од работењето, да има подмирени обврски во деловни банки или државата.
- Основен услов е правното лице да има историја на работење од 2 календарски години.
- Шпаркасе Банка АД Скопје дава подршка и на start up бизниси со специјално креирани услови.
- Шпаркасе Банка АД Скопје нуди широка палета кредити и тоа:
- краткорочни и долгорочни
- инвестициски кредити
- револвинг кредити
- кредитни линии
- overdraft
- факторинг услуги
- Барање за кредит
- Тековна состојба од Централен Регистар не постара од 3 месеци
- Финансиски извештаи (биланс на состојба и биланс на успех за последни 2 календарски години)
- Бизнис план или намена на кредитот доколку е наменски кредит
- Документи за понудено обезбедување (доколку се бара обезбедување)
- Зависи од износот и видот на кредитот.
- Во зависност од видот, времетраењето, намената на кредитот како и финансиските резултати на друштвото, зависи и висината на каматните стапки, а истите може да бидат фиксни и варијабилни.
- Да, има можност од грејс период, а периодот може да варира во зависност од проектот кој е предмет на финансирање
- Во зависност од комплексноста на документацијата и видот на кредит, а просечното времетрање се движи од 5 до 15 работни дена.
- Откако барањето за кредит е одобрено, потпишана е целокупната документација како договор за кредит, изјави, доколку е потребно и Нотарски заверки, уписи во Катастар на РСМ/ЦРСМ итн., може да се пристапи кон исплата на кредитот на платежна сметка на правното лице во Шпаркасе Банка АД Скопје .
- Отплатата на кредитот може да биде во ануитети со различен распоред и тоа месечна, квартална, семестрална или годишна отплата.
- Постои можност за предвремена отплата на кредитот, а трошоците за оваа услуга зависат од видот на кредитот и истите се наведени во Договорот за кредит.
- Шпаркасе Банка АД Скопје има палета на кредитни производи кои може да ги задоволат и најсензитивните барања.
- Шпаркасе Банка АД Скопје има склучено договори со ЕБРД, ЕИБ итн., за разни кредитни линии на пр.
- Кредити кои поддржуваат кредитирање на бизниси управувани од жени, зелени кредити, инвестициски кредити со доста поволни комерцијални услови итн .
- Потписник/овластено лице за апликација и потпишување на договорот може да биде исклучиво управителот, како законски застапник на Друштвото или лице со уредно заверено полномошно на Нотар.
- Нашите кредитни референти можат да помогнат при изборот на најсоодветната кредитна понуда според вашите потреби.