Кредит за изградба на деловни, станбени или станбено-деловни објекти наменети за издавање. Корисник на кредитот треба да биде наменски основано друштво за реализација на дадениот проект. Реализацијата на кредитот се врши сукцесивно во транши во согласност со заверените времени ситуации од надзорниот орган, на основа на фактури на добавувачите со цел за реализација на проектот. Начин на враќање – еднократно или сукцесивно, во согласност со приливите од продажба
Основни карактеристики
Сопствено учество
минимум 30% од вредноста на вкупната инвестициска вредност на проектотРок на враќање
до 84 месеци можност за грејс-период до 24 месециВалута на кредитот
денарски кредити или девизни кредитиПредуслови кои треба да бидат исполнети за можност за апликација за овој вид кредит
• да има одобрение за локациски услови;
• да има валидно одобрение за градба;
• да има сопственост или сосопственост на земјиштето на кое ќе се гради објектот;
• да има комплетна проектна документација;
• да има склучени преддоговори или писма за намера за 50% до 80% од површината наменета за издавање во зависност од сопственото учество.