Кредит за изградба на деловни, станбени или станбено-деловни објекти наменети за продажба. Корисник на кредитот треба да биде наменски основано друштво за реализација на дадениот проект. Реализација на кредит сукцесивно во транши во согласност со заверените времени ситуации од надзорниот орган, на основа на фактури на добавувачите со цел за реализација на проектот. Начин на враќање – еднократно или сукцесивно, во согласност со приливите од продажба.
Основни карактеристики
Сопствено учество
минимум 30% од вредноста на вкупната инвестициска вредност на проектотРок на враќање
до 48 месеци можност за грејс-период до 24 месециВалута на кредитот
денарски кредити или девизни кредитиПредуслови што треба да бидат исполнети за можност за апликација за овој вид кредит:
• одобрение за локациски услови;
• да има валидно одобрение за градба;
• да има сопственост или сосопственост на земјиштето на кое ќе се гради објектот;
• да има комплетна проектна документација.