Соработка на Шпаркасе Банка АД Скопје и Македонска банка за поддршка
и развој (МБПР)

Соработката помеѓу Шпаркасе Банка АД Скопје и Македонската банка за поддршка и развој (МБПР) претставува значаен механизам за поттикнување на економскиот развој и унапредување на пристапот до финансии за деловниот сектор во државата.

Преку ова партнерство, Развојната банка обезбедува поволни кредитни линии, гаранции и субвенционирани средства, додека Шпаркасе Банка, како комерцијална банка, ги пласира овие средства до крајните корисници – претежно микро, мали и средни претпријатија.Основната задача на Македонската банка за поддршка на развојот е да го стимулира извозот преку кредитирање и други форми на финансиска поддршка, како и да го поттикне развојот на малите и средни претпријатија преку доделување инвестициски кредити и обезбедување осигурување од краткорочни комерцијални ризици. Главната цел на ова партнерство е да се поттикнат нови инвестиции, забрзан раст на компаниите, зголемување на конкурентноста и поддршка на извозно ориентираните бизниси. Комбинирањето на институционалната поддршка од Развојната банка со експертизата и долгогодишното искуство на Шпаркасе Банка во корпоративното кредитирање создава ефикасен модел на финансирање на реалниот сектор. Овој модел обезбедува олеснет пристап до капитал, поволни услови за финансирање и поттикнување на одржлив економски развој.

Шпаркасе Банка досега има реализирано голем број успешно пласирани средства преку кредитните линии обезбедени од РБСМ. Меѓу најзначајните се:

  • ЕИБ 4, ЕИБ 5, ЕИБ 6, ЕИБ 7 – Кредитни линии за поддршка на широк спектар македонски компании;
  • Кредитна линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва, со фиксна каматна стапка од 1.95%;
  • Кредити за инвестиции и развој, наменети за финансирање инвестиции во основни средства на приватни трговски друштва;
  • Кредити за дигитализација и дигитална трансформација, со цел модернизација, технолошки развој и дигитален напредок на микро и мали претпријатија;
  • Програма за субвенционирање на камата за компании кои ја реинвестираат добивката (во соработка со РБСМ);
  • Кредити за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, финансирани од сопствени средства на РБСМ – наменети за микро и мали претпријатија, трговци поединци и занаетчии;
  • Кредити за трајни обртни средства, инвестиции и извоз, доделувани преку кредитните инструменти на РБСМ;

Гарантна шема од Гарантен фонд преку Развојна банка на Северна Македонија (РБСМ)

Со портфолио гаранцијата на Гарантниот фонд преку РБСМ се поддржува кредитирањето на квалификувани кредитокорисници – микро, мали и средни трговски друштва регистрирани согласно Законот за трговски друштва.

 

Кредитокорисникот треба да ги исполни следните услови:

  • Да има седиште во Република Северна Македонија.
  • Да биде најмалку 51% во приватна сопственост.
  •  Да биде класифициран во А ризична категорија согласно последниот достапен кредитен регистар на НБРСМ, или да нема претходна кредитна изложеност.
  • Да нема основна дејност во следните категории:
    • лизинг,
    • финансиски услуги,
    • игри на среќа,
    • производство на тутун, дрога и други опојни средства,
    • производство или дистрибуција на оружје или воена опрема,
    • трговија со недвижнини.
  • Да нема аплицирано и примено друг кредит покриен со оваа кредитно гарантна шема.
  • Кредитот да се користи наменски, согласно договорот за кредит.

Опфат на гаранцијата

Во зависност од намената на кредитот, портфолио гаранцијата покрива:

  • До 80% од салдото по основ на главнина — за кредити за обртни средства.
  • До 50% од салдото по основ на главнина — за кредити за основни средства.

Износ и рокови на кредитот

  • Минимален износ: 300.000 денари
  • Максимален износ: 30.750.000 денари

Рок на отплата

  • До 8 години за кредити за основни средства
  • До 3 години за кредити за обртни средства
  • Можност за грејс период до 1 година

Обезбедување

Обезбедувањето може да се изведе на следниот начин:

  •  Меница од кредитокорисникот, авалирана од сопственици кои поседуваат најмалку 10% од основната главнина, со менична изјава во форма на извршна исправа;
  • Солемнизиран договор за кредит пред нотар, со договор за пристапување на долг од сопственик со најмалку 10% удел.

Дополнително може да се побара и дополнително обезбедување, како што се:

  • хипотека на недвижен имот,
  • залог на опрема или друго материјално средство,
  • депозит, и др.

Кредитна линија за поддршка на зелени и општествено одговорни инвестиции со средства обезбедени од Француската агенција за развој (АФД)

Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ) и Шпаркасе Банка АД Скопје склучија договор за користење средства обезбедени преку АФД, наменети за финансирање зелени и општествено одговорни инвестиции, поддршка на женското претприемништво и финансирање проекти за дигитализација што ги исполнуваат критериумите за подобност утврдени во програмата.

Структура на кредитната линија

Кредитната линија од АФД се состои од две главни поткомпоненти:

1. Поткомпонента А

  • Зелена компонента наменета за финансирање инвестиции со климатски придобивки, вклучувајќи:
    енергетска ефикасност,
    обновливи извори на енергија,
    зелени производствени процеси,
    други инвестиции со позитивно влијание врз животната средина.

2. Поткомпонента Б

  • Социјална компонента што опфаќа:
    финансирање бизниси во сопственост и/или управувани од жени,
    инвестиции во дигитализација на микро, мали и средни претпријатија (ММСП).

Цел на кредитната линија

Целта на оваа кредитна линија е да поттикне развој на економски модел кој:

  • ја зголемува отпорноста на претпријатијата,
  • овозможува намалување на емисиите на CO₂,
  • го подобрува пристапот до финансии за ММСП,
  • ја зајакнува улогата на женското претприемништво,
  • jа забрзува дигиталната трансформација.

Критериуми за прифатливост за крајните корисници

За поткомпонента А – Зелена компонента

Крајните корисници мора да бидат:

  • приватни компании регистрирани според македонското законодавство,
  • целосно усогласени со законите за животна средина, социјална заштита и други релевантни прописи.

За поткомпонента Б

Крајните корисници мора да бидат ММСП регистрирани според македонското право. ММСП се дефинираат согласно ЕУ стандардите, односно:

  • до 250 вработени,
  • годишен обрт ≤ 50 милиони ЕУР, или
  • годишен биланс на состојба ≤ 43 милиони ЕУР.

Во случај да се измени ЕУ дефиницијата, новата верзија важи ретроактивно за процена на подобноста.

 

Критериуми за прифатливи кредити

Намена: финансирање прифатливи инвестиции; оперативните трошоци можат да се опфатат до 30% од износот, ако се директно поврзани со инвестицијата.

Прифатлив датум: сите кредити одобрени по 21.12.2023 година.

Рок на кредит:

  • Поткомпонента А: 5–15 години, со грејс период до 3 години.
  • Поткомпонента Б: до 15 години, со грејс период до 3 години.

Минимален износ: 5.000 ЕУР

Максимален износ:

Поткомпонента А: до 1.500.000 ЕУР

Поткомпонента Б: до 350.000 ЕУР

Прифатливи инвестиции

За сите прифатливи инвестиции важи дека:

  •  мора да се реализираат на територијата на Република Северна Македонија,
  •  не смеат да припаѓаат на секторите и активностите наведени во Листа на исклучени сектори

Кредитна линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва – Кредити за инвестиции и развој

Моментално средствата од оваа кредитна линија се целосно искористени во нашата банка. Средствата за оваа кредитна линија се обезбедени од Буџетот на Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ) и се наменети за финансирање на инвестиции во основни средства на приватни трговски друштва.

Целта на оваа кредитна линија е да обезбеди поддршка за инвестиции и развој на приватните трговски друштва преку поволни и долгорочни финансиски услови.

Критериуми и услови

  • Максимален износ: 615.000.000 денари
  • Рок на отплата: до 15 години
  • Грејс период: до 3 години
  • Каматна стапка: 1,95% годишна, фиксна
  • Учество на крајниот корисник: минимум 20% од вредноста на инвестицијата
  • Максимален дел финансиран од РБСМ: до 80% од вкупниот износ на инвестицијата

Шпаркасе Банка и ЕБРД

Шпаркасе Банка АД Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) имаат долгорочна и континуирана соработка насочена кон поддршка на малите и средни претпријатија (МСП), дигитализацијата и зелените инвестиции во Северна Македонија. Во последните години реализирани се неколку значајни партнерства, меѓу кои:

1.     Поддршка за дигитализација на МСП (2025)

Во рамките на програмата EBRD Go Digital – Western Balkans, Шпаркасе Банка обезбеди пристап до кредитна линија од 4 милиони евра, наменета за финансирање дигитални и зелени технологии кај МСП.

2.     Green Finance Facility — Зелена кредитна линија

ЕБРД одобри дополнителни 8 милиони евра за Шпаркасе Банка преку програмата GFF, со што се поддржуваат инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност кај локалните МСП.

3.     Учеството во Green & Growth Programme (2025)

Шпаркасе Банка активно учествува во овој програм кој обезбедува финансирање на зелени проекти, енергетска ефикасност и проширување на деловни активности во региони најзасегнати од транзицијата од јаглен.

Go Digital in the Western Balkans Programme

Програмата за дигитализација во Западен Балкан („Програмата“) е иницирана од ЕБРД со цел да се зголеми капацитетот, иновациската подготвеност и отпорноста на микро, малите и средните претпријатија (МСП). Таа овозможува подобар пристап до финансии за инвестиции поврзани со дигитализација, автоматизација, конкурентност и зелени технологии.

Дефиниција на МСП според ЕУ:

  • Микро претпријатие: до 9 вработени, максимален годишен промет и/или биланс ≤ 2 милиони евра
  • Мало претпријатие: до 49 вработени, максимален годишен промет и/или биланс ≤ 10 милиони евра
  • Средно претпријатие: до 249 вработени, максимален промет ≤ 50 милиони евра или биланс ≤ 43 милиони евра

Општи критериуми за апликација

Еден субјект може да се квалификува за кредитната линија доколку исполнува:

  • Да е претпријатие, самостоен трговец или друго правно лице формирано според законите на Република Северна Македонија.
  • Да спаѓа во категоријата микро, мало или средно претпријатие според Препораката на Европската комисија од 6 мај 2003.
  • Да работи првенствено на територијата на Република Северна Македонија или да има фиксно место на деловно работење во државата.
  • Да не е во мнозинска сопственост или под контрола на Владата или било кое политичко, административно или локално управно тело (јавните претпријатија со мнозински капитал се исклучени).

Карактеристики на под-кредитот за крајните корисници

Минимален износ: 5.000 ЕУР

Максимален износ: 500.000 ЕУР

Рок на кредит: минимум 18 месеци (во девизна валута)

Камата: варијабилна – EURIBOR 6 месеци + 2.9% маржа

Прифатливи проекти

Следните видови инвестиции може да бидат финансирани:

  •  Инвестиции што не користат други грантови
  • Технологија и услуги за автоматизација

Опфаќа:

  •  опрема,
  • софтвер,
  •   smart/connected инфраструктура,
  •  уреди и машини што генерираат податоци.

Овие технологии мора да обезбедат минимум 20% подобрување на ефикасноста.

  • Дигитализација

Ова ги опфаќа проектите за дигитална обработка на податоци.

Само овие проекти, по верификација, се квалификуваат за грант од 10%.

  •  Инвестиции во индустриски простории, опрема и софтвер
  • Инвестиции во зелената транзиција (GET компонента)

Овозможуваат подобрување на енергетска ефикасност, намалување емисии и поддршка на одржливо работење.

 

Green Finance Facility – Шпаркасе Банка и ЕБРД

Шпаркасе Банка АД Скопје, преку Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), има склучено договор за користење на кредитната линија Green Finance Facility, наменета за финансирање зелени инвестиции кај микро, мали и средни претпријатија во Република Северна Македонија.

ЕБРД, преку оваа програма, обезбедува средства за поддршка на инвестиции во зелени технологии со цел унапредување на енергетската ефикасност, зголемување на користењето обновливи извори на енергија и поттикнување на одржлив економски развој.

Прифатливи инвестиции

Прифатливи се следните категории на инвестиции:

  • Инвестиции кои промовираат енергетска ефикасност
  • Инвестиции кои промовираат користење на обновливи извори на енергија, со вклучување на најмалку една категорија на обновлива енергија
  •  Инвестиции кои комбинираат енергетска ефикасност и обновлива енергија

Кредитни услови

Минимален износ: нема ограничување

Максимален износ: 1.000.000 ЕУР

Валута: ЕУР

Отплата: месечни ануитети

Рок: од 18 до 120 месеци

Камата: варијабилна

Можност за неповратен грант

Во рамките на програмата се предвидени грантови:

  • 10% за RE под проекти или комбинирани EE/RE под проекти
  • 5% за EE под проекти

Грантот се исплаќа по успешна верификација на проектот.

Прифатливи под кредитокорисници (Eligible Sub-borrowers)

Кредит може да добие субјект кој ги исполнува следниве услови:

  • Да е претпријатие, фирма, бизнис, единствен сопственик или трговец поединец регистриран според законите на Република Северна Македонија
  •  Да е микро, мало или средно претпријатие согласно ЕУ Препораката од 6 мај 2003 година (ЕУ 2003/361)
  • Да работи првенствено во Северна Македонија или да има фиксно место на деловно работење во државата
  • Да не е во мнозинска сопственост или под контрола на Владата или друг државен орган
  • Да ги поседува сите потребни одобренија и дозволи, и да е усогласен со законската регулатива за животна средина, социјална заштита, здравје и безбедност

Прифатливи под проекти (Eligible Sub-projects)

Под проектот е прифатлив ако:

  • се состои од технологии, опрема и материјали наведени во Green Technology Selector („Pre Approved Technologies“),

или

  •  ги исполнува техничките критериуми во Прилог А (Критериуми за техничка дозволивост)
  •  е финансиски издржлив и ги исполнува редовните кредитни критериуми
  •  е усогласен со целокупната релевантна национална регулатива
  •  не користи средства од друг грант

Под проекти кои НЕ се прифатливи

Не се финансираат проекти поврзани со:

  • производство или трговија со оружје и воена опрема
  • финансиски институции и услуги, вклучувајќи осигурување
  • производство или извоз на тутун и алкохол
  •  продажба на алкохол и тутун (освен како споредна дејност)
  • казина и други коцкарски објекти
  • шпекулативни инвестиции (валути, хартии од вредност, недвижности)
  • активности наведени во Листата на ЕБРД за еколошко и социјално исклучување
  •  технологии поврзани со јаглен, нафтени шкрилци и други високо јаглеродни фосилни горива
  •  производство на пластика за еднократна употреба (освен медицинска)
  • проекти во нафтената и гасната индустрија (освен за сопствена потрошувачка)

Дополнително, не се финансираат:

  • обртен капитал
  • претпријатија за недвижности
  •  купување земјиште
  • шпекулативни финансиски инструменти
  • рефинансирање или консолидација на постојни кредити

Green & Growth програма

Програмата Green & Growth е иницијатива на ЕБОР чија цел е поддршка на мали и средни претпријатија во Пелагонискиот и Југозападниот регион, особено во контекст на транзицијата од јаглен и затворањето на термоелектраните Битола и Осломеј.

Програмата обезбедува:

  • финансиски средства преку партнерски финансиски институции (ПФИ), меѓу кои и Шпаркасе Банка;
  • техничка поддршка и грантови преку Климатските инвестициски фондови (ЦИФ)
  •  два типови на финансирање:
  • Зелен прозорец – за обновлива енергија и енергетска ефикасност
  • Развоен прозорец – за деловно проширување, инфраструктура и регионален развој

Критериуми за подобност

Минимален износ: 5.000 ЕУР

Максимален износ: 500.000 ЕУР

Минимален рок: 18 месеци

Валута: девизи

Камата: варијабилна — EURIBOR 6 месеци + 2.9% маржа

Програмата овозможува транспарентен и ефикасен механизам за поддршка на зелената транзиција, развој на локалните бизниси и подобрување на конкурентноста на МСП.

Под-кредитите се доделуваат само на субјекти кои ги исполнуваат критериумите за подобност: регистрирани правни лица или трговци поединци во РСМ, финанскиски способни, усогласени со законски и еколошки прописи, и не се на санкциски листи. Под-проектите мора да бидат лоцирани во двата таргетирани региона, да се финансиски оправдани и усогласени со GET критериумите (каде е применливо). Исклучени се сектори како оружје, тутун, коцкање, шпекулативни инвестиции и активности поврзани со фосилни горива со висок јаглероден интензитет.

Секој под-проект се оценува од Програмскиот консултант кој подготвува извештај за подобност, инвестициски план (за комплексни проекти над 300.000 EUR) и спроведува техничка поддршка, мониторинг и верификација. По успешната реализација на проектот, корисниците добиваат грант од 10% или 15%, зависно од типот на прозорецот и GET подобноста, пресметан врз основа на пониската вредност меѓу износот на под-кредитот и инвестициските трошоци.

Програмата овозможува структуриран, транспарентен и ефективен механизам преку кој Шпаркасе Банка може да поддржи зелена транзиција, развој на локалните бизниси и подобрување на енергетската ефикасност и конкурентноста на МСП во приоритетните региони.

We Finance Code

Како потписник на кодексот We Finance Code, Шпаркасе Банка АД Скопје се обврзува да спроведе конкретни активности за економско подобрување на микро, мали и средни претпријатија (ММСП) во сопственост на жени и управувани од жени.

Писмо со заложби