Краткорочен лимит за кредитирање

  • Брз процес на одобрување на производи како дел од лимитот
  • Помалку потребна документација
  • Повеќе видови лимити во зависност од вашите потреби

Ако природата на дејствување на вашиот бизнис има чести потреби од користење повеќе видови краткорочни производи, како што се кредити, денарски и/или девизни гаранции, акредитиви и слично, тогаш краткорочниот лимит за кредитирање претставува најсоодветно, брзо и ефикасно решение за вашите потреби.

Краткорочниот лимит за кредитирање ви овозможува за најкраток временски рок користење на претходно дефинирани / договорени производи, одобрени во рамките на краткорочниот кредитен лимит – доволно ќе биде само да поднесете барање до вашиот финансиски претставник во Банката.

Во рамките на краткорочниот лимит за кредитирање имате можност да ги користите:

сите видови краткорочни производи со рок на доспевање до 12 месеци;

краткорочни чинидбени гаранции со рок на важност до 1 година (за навремено и квалитетно извршување, гаранција за гарантен период , тендерска гаранција);

платежни гаранции за обезбедување на плаќање со рок на важност до 12 месеци, со дополнителен период од 3 месеци за рок на наплата.