Краткорочен револвинг кредит

  • користење и враќање на кредитот во согласност со важите потреби;
  • брзо и едноставно повлекување на средства со праќање е-маил на претставник во Банката;
  • можност за реодобрување на кредитот.

Краткорочниот револвинг кредит може да се користи за финансирање на повремени потреби за дополнителни обртни средства, периодично одржување на ликвидност и финансирање на извозни трансакции и подготовка на извоз.

Повлекувањето на средствата од одобрениот кредит е брзо и едноставно: со праќање потпишано барање за користење средства од одобрениот револвинг кредит, во кое ќе биде наведе износот, на e-mail до вашиот финансиски застапник, кој ќе ви помогне што е можно поскоро средствата да бидат достапни во согласност со вашите желби.

Основни карактеристики

Рок на враќање

до 12 месеци

начин на враќање

/ сукцесивно во зависност од важите можности, најдоцна до датумот на доспевање

Пресметка на камата

месечно или квартално на искористениот дел од кредитот