„Шпаркасе Банка АД Скопје" ја извршува функцијата на банка чувар на имот на пензиски фондови и депозитарна банка за инвестициски фондови.
Видови услуги на депозитарна банка
Видовите услуги што им се нудат на домашните пензиски и инвестициски фондови преку Служба за депозитарна банка се следните:
- чување на имотот на пензиските и на инвестициските фондови;
- порамнување на трансакциите поврзани со инвестирањето на средствата на фондовите во земјата и во странство, во согласност со инструкциите на клиентот;
- проверка на пресметаната нето-вредност на имотот на фондовите;
- известување за корпоративни настани, собранија на акционери и застапување на тие собранија, како и известување за правата од хартиите од вредност и извршување на налозите поврзани со корпоративните настани;
- наплата на приходи од хартиите од вредност, како и известувања за исплатени дивиденди, камати или доспевања на други побарувања од хартиите од вредност;
- известувања во согласност со законската регулатива;
- други услуги во согласност со барањата на клиентите.