
Поплаки
Информација за начин на поднесување на поплака
Доколку сметате дека во деловниот однос со Банката е повредено некое ваше право, слободно доставете ни поплака.
Во прилог Формулар за поднесување поплака
КАКО ДА НИ ЈА ДОСТАВИТЕ ПОПЛАКАТА?
Поплаката можете да ни ја доставите преку некој од следните канали на комуникација со Банката:

Испратете ни го пополнетиот формулар на poplaki@sparkasse.mk

Онлајн-образец
Пополнете го онлајн-образецот и испратете ни го
Телефон
Контактирајте нѐ на 02/ 15 050
Експозитура
Писмената поплака/пофалба доставете ја во која било експозитура на Банката, до некој од вработените.
Писмено
По пошта на следната адреса:
Шпаркасе Банка АД Скопје
Служба за обезбедување квалитет
ул. Васил Иљоски 14
1000 Скопје
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОПЛАКА
1. Наведете ги вашите лични податоци: име и презиме, адреса на живеење и податоци за контакт.
2. Опишете го проблемот во целост за негово побрзо и поефикасно решавање.
3. По поднесувањето на поплаката очекувајте одговор во најкус можен рок, не подолго од 15 работни дена.
4. По разгледувањето на вашиот случај ќе ве информираме за одговорот.
5. За прием и постапување по поплаки надлежни се:
- Одговорното лице и заменик одговорно лице за постапка по поплаки
- Организациона единица одговорна за постапување по поплаки е Службата за обезбeдување на квалитет.
6. Банката води евиденција за сите примени поплаки
7. Податоците се обработуваат доверливо и во согласност со важечките прописи
8. Доколку потрошувачот не е задоволен од одговорот, има право да се обрати до Народна Банка на Република Северна Македонија
9. Банката не наплаќа надоместок за прием и постапување по поплаката.
Вашето мислење ни е од драгоцено значење бидејќи задоволството на клиентите е една од клучните цели на Шпаркасе Банка.
Шпаркасе Банка континуирано прави напори да им обезбеди врвна и квалитетна услуга на клиентите и унапредување на корисничкото искуство.