Заштита на укажувачи -Whistleblowing
Шпаркасе банка АД Скопје не толерира никакво однесување што е во спротивност со важечките правила и прописи, етичките и моралните норми.
За таа цел Банката има имплементирано посебна Програма за заштитено пријавување која треба да овозможи давање информации во рана фаза во врска со какво било однесување на вработени, клиенти или трети страни што не е во согласност со важечките правила.
Заштитено пријавување во смисла на Законот за заштита на укажувачи е пријавување со кое согласно овој закон се пренесува разумно сомневање или сознание дека е извршено, се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес.
Укажувањето може да се изврши на анонимна основа (кога Укажувачот сака да остане анонимен-непознат) и неанонимна основа (кога Укажувачот сака да ги соопшти своите лични податоци).
Укажувачот ќе биде известен за приемот и постапувањето по поднесената пријава во согласност со законските одредби.
Банката согласно важечката регулатива овозможува целoсна заштита на идентитетот, личноста и правата на Укажувачот.
Овластено лице за прием на пријави од Укажувачи во Шпаркасе банка АД Скопје:
Ана Димоска Јанкуловска-Раководител на Оддел за усогласеност со прописи
Телефон за контакт: +389 2 316 7710
Адреса за прием на пријави: Ана Димоска Јанкуловска, Шпаркасе банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски број 14, 1000 Скопје, со назнака “лична достава”
Електронска пошта за прием на пријави: ana.dimoskajankulovska@sparkasse.mk