
Едноставно. Брзо. Безбедно.
Што е Apple Pay?

Apple Pay е дигитален паричник и платформа за плаќање што ги заменува физичките картички со нивно безбедно складирање на iPhone, Apple Watch и други Apple уреди, овозможувајќи бесконтактни плаќања во физички продавници и онлајн.
Зошто да користите Apple Pay со Шпаркасе Банка?
- Користете ја услугата без дополнителни надоместоци и трошоци
- Бесконтактно плаќање на продажни места кои поддржуваат бесконтактно плаќање.
- Онлајн плаќање кај трговци кои овозможуваат плаќање преку услугата Apple Pay.
- Повлекувањето готовина преку дигитални паричници е достапно на бесконтактните банкомати на банките во земјава и странство.
- Безбедно плаќање со биометриска автентикација (Face ID, Touch ID)
- Бројот на картичката не се споделува со трговецот – се користи единствен токен
- Работи и без интернет – Apple Pay функционира дури и кога уредот не е поврзан на интернет.
Како да активирате Apple Pay?
Преку S-Banka мобилната апликација
- Отворете ја S-Banka мобилната апликација
- Влезете во секцијата картички
- Изберете една од VISA платежните картички која сакате да ја додадете
- Кликнете на полето “Додај во Аpple Wallet”
Преку Apple Wallet - со рачен внес или скенирање
- Преземете ја Apple Wallet апликацијата бесплатно од App Store
- Допрете го знакот “+” , внесете ги податоците од платежната картичка/ Скенирајте/ изберете доколку е зачувана на Аpple профилот
- Верифицирајте ја Вашата платежна картичка преку S-Banka или преку Call center
Преку Apple Walet - директно преку нашата мобилна апликација
- Допрете го знакот + во Apple Wallet и побарајте ја секцијата „From Apps on Your iPhone“ (Од апликации на вашиот iPhone)
- Изберете ја S-Banka апликацијата за брзо и безбедно додавање на картичката со еден допир — без потреба од внесување податоци.
Што е потребно за да активирате Apple Pay?
- Потребна ви е VISA дебитна или кредитна платeжна картичка од нашата Банка.
- Потребно е да поседувате еден од следниве уреди: iPhone, iPad, Apple Watch.
- Потребно е да имате оперативен систем iOS 8.1 или понов и NFC технологија на уредот.
- Подесете заклучување на уредот со една од понудените методи (шаблон, отпечаток од прст, PIN код, скенирање на лице и сл.).
Најчесто поставувани прашања
- Apple Pay услугата е целосно бесплатна.
- Не, не е потребна интернет конекција.
- Apple Pay е безбеден метод на плаќање бидејќи податоците од платежната картичка се заштитени во текот на целиот процес на трансакција. Податоците се токенизирани, а секој токен е уникатен за секој поединечен уред и не може да се поврзе со вистинските податоци од картичката на кој било начин. Покрај тоа, секој пат кога сакате да извршите плаќање, мора да го отклучите уредот со избраниот метод на отклучување.
- Најчесто нема потреба од внес на ПИН при плаќање на POS терминал (Физичка продавница), без оглед на износот. По исклучок, само во ретки случаи може да се побара ПИН.
- При користење на подигнување на готовина од банкомат ПИН-от е задолжителен, при што треба да го внесете ПИН-от од физичката картичка.
- Да, не постои ограничување за тоа колку VISA платежни картички може да додадете во вашиот Apple Wallet.
- Доколку го загубиш уредот, Apple ја нуди опцијата Пронајди го мојот уред (Find my) преку која можеш да го заклучиш телефонот или да бришеш податоци. „Заклучувањето за активација“ (Activation Lock) е дизајнирано да спречи кој било друг да го користи или продава вашиот уред. Кога ќе ја вклучите функцијата „Најди“ (Find My) на вашиот уред, автоматски се активира и „Заклучувањето за активација“.
- Потоа, ќе биде потребна вашата Apple лозинка за да се избришат податоците од уредот или тој повторно да се активира. А доколку некој успее да го избрише уредот, на почетниот екранот ќе се прикаже дека тој е заклучен, дека може да се лоцира и дека сè уште е ваша сопственост
- Картичката можете да ја избришете во секое време директно преку апликацијата Apple Wallet, со отворање на деталите за картичката (менито во горниот десен агол) и избирање на опцијата за отстранување (Remove)
- Можете да додадете картичка во апликацијата Wallet на неколку или на сите уреди на Apple што ги поседувате (доколку ги исполнуваат техничките барања за користење на услугата Apple Pay). Картичките треба да ги додавате во апликацијата Wallet на секој уред поединечно.
- Отворете ја апликацијата Apple Watch на вашиот iPhone, изберете „Wallet & Apple Pay“, кликнете на „Add Credit or Debit Card“ и следете ги упатствата на екранот.
- Да, можете да платите на сите бесконтактни терминали во земјата и странство.
- Не, додавањето на картичката се врши преку мобилната апликација на банката S-Banka или од апликацијата на дигиталниот паричник.