
Плаќајте побрзо. Плаќајте побезбедно.
Плаќајте со Google Pay.
Додајте ја вашата VISA Шпаркасе картичка во Google Wallet и плаќајте брзо и лесно со вашиот телефон или паметен часовник.

Што е Google Pay?
Google Pay е дигитален паричник кој ви овозможува да ги користите вашите VISA дебитни и кредитни картички директно од вашиот Android уред или паметен часовник – без физичка картичка.
Зошто да користите Google Pay со Шпаркасе Банка?
Брзо и едноставно
- Само отклучете го телефонот и допрете го до ПОС/ATM терминалот
- Нема потреба од носење паричник
Сигурно плаќање
- Вашите податоци не се споделуваат со трговците
- За максимална безбедност, додавањето на картичката се потврдува со вашиот PIN, Fingerprint или Face ID.
Секогаш со вас
- Плаќајте секаде каде што има contactless знак
- Користете го дома и во странство
Сите ваши картички на едно место
- Додајте повеќе Шпаркасе картички
- Управувајте со нив лесно преку Google Wallet
Како да активирате Google Pay?
Преку S-Banka мобилната апликација
- Отворете ја S-Banka мобилната апликација
- Влезете во секцијата картички
- Изберете една од платежните картички која сакате да ја додадете
- Кликнете на полето “Додај во wallet”
Преку Google Wallet
- Преземете ја Google Wallet апликацијата бесплатно од Play Store
Внесете ги податоците од платежната картичка
Верифицирајте ја Вашата платежна картичка преку S-Banka
Што е потребно за Google Pay?
- Да имате активна Visa платежна картичка од Шпаркасе Банка
- Да имате мобилен уред/паметен часовник со оперативен систем Android/ WearOS
- Да го заштитите телефонот со сигурна лозинка, PIN или биометрија (отпечаток од прст/препознавање лице)
- Да ги прифатите Општите правила и услови за користење на дигитален паричник
Најчесто поставувани прашања
- Google Pay улугата е целосно бесплатна.
- Не, не е потребна интернет конекција.
- Најчесто нема потреба од внес на ПИН, без оглед на износот. По исклучок, само во ретки случаи може да се побара ПИН, при што треба да го внесете ПИН-от од физичката картичка.
- Google Pay е безбеден метод на плаќање бидејќи податоците од платежната картичка се заштитени во текот на целиот процес на трансакција. Податоците се токенизирани, а секој токен е уникатен за секој поединечен уред и не може да се поврзе со вистинските податоци од картичката на кој било начин. Покрај тоа, секој пат кога сакате да извршите плаќање, мора да го отклучите уредот со избраниот метод на отклучување.
- Да, може да се користат картички од дигиталниот паричник за подигнување со внесување на ПИН-от на физичката картичка, на секој банкомат со ознака за бесконтактно (contactless) подигнување.
- Да, не постои ограничување за тоа колку VISA платежни картички може да додадете во вашиот Google Wallet.
- Доколку го загубиш уредот, Google ја нуди опцијата Пронајди го мојот уред (Find my device) преку која можеш да го заклучиш телефонот или да бришеш податоци.
- Да, истата Visa картичка може да се внесе во дигиталниот паричник на повеќе твои мобилни уреди.
- Картичката можете да ја избришете во секое време директно преку апликацијата Google Wallet, со отворање на деталите за картичката (менито во горниот десен агол) и избирање на опцијата за отстранување (Remove)
- Да, може да се додаде картичка во паметен часовник со WearOs оперативен систем.
- Да, можете да платите на сите бесконтактни терминали во земјата и странство.
- Сите VISA платежни картички.
- Не, додавањето на картичката се врши преку мобилната апликација на банката S-Banka или од апликацијата на дигиталниот паричник.