
Отвори платежна сметка ONLINE!
Отсега, брзо и едноставно отвори платежна сметка онлајн!
Отвори платежна сметка целосно онлајн. За помалку од 10 минути.
Отвори платежна сметка, добиј дебитна картичка и активирај ја S-Banka апликацијата - сè во еден едноставен онлајн процес преку OneID.
Без хартија, без чекање, од каде било.
Потребни ти се само лична карта, телефон и OneID профил.
Што добиваш со S Пакет?
Сè што ти треба за секојдневно банкарство - во еден пакет:
- Платежна сметка во денари - активна следниот работен ден по потпишувањето.
- Дебитна картичка - за плаќање во земјата, странство и онлајн.
- С Банка мобилна апликација - целосна контрола на финансиите, 24/7, директно од телефон.
- 2 бесплатни повлекувања месечно на банкомати на други банки во земјата.
- Неограничени бесплатни повлекувања на банкоматите на Erste и Sparkasse групацијата.
Патуваш во Хрватска, Австрија, Србија или Црна Гора? Повлекувај готовина без надомест на илјадници банкомати од групацијата.
ЧЕТИРИ ЧЕКОРИ ДО ТВОЈОТ S-ПАКЕТ
Идентификувај се со OneID
Ако веќе имаш OneID профил, најави се. Ако немаш, преземи ја OneID апликацијата и креирај електронска идентификација за неколку минути.

Пополни ги податоците
Внеси ги потребните податоци во едноставна онлајн апликација. Дел од нив автоматски и безбедно се преземаат преку OneID.
Потпиши електронски
Прегледај ги и потпиши ги документите дигитално - без печатење, без хартија и без доаѓање во експозитура.
Готово - сметката е активна
За помалку од 10 минути го завршуваш процесот и добиваш пристап до С Банка апликацијата и твојата нова сметка.
ЗОШТО ОНЛАЈН?
- Без чекање во ред. Твоето време е највредниот ресурс - отвори сметка кога тебе ти одговара - навечер, за викенд, од дома или од работа.
- Безбедно и сигурно. Идентификацијата преку OneID е официјално средство за електронска идентификација, а целиот процес се одвива во безбедна и заштитена околина на Банката.
- Сè одеднаш. Не отвораш само сметка - добиваш комплетно банкарско решение - сметка, картичка и мобилно банкарство, подготвени за користење.
Често поставувани прашања
- Полнолетни физички лица, државјани и резиденти на Р.С. Македонија, со креирана OneID електронска идентификација. Малолетни лица, странски државјани, лица со САД индиција и политички изложени лица не можат да отворат сметка онлајн. За нив услугата е достапно во најблиската филијала.
- Околу 10 минути доколку веќе имаш OneID профил. Креирањето OneID профил трае дополнителни неколку минути.
- Започнатата апликација можеш да продолжиш подоцна – во било кој период од денот.
- Сметката е активна следниот работен ден по отворањето.
- С Банка апликацијата можеш да ја активираш веднаш по добивањето на активациските кодови преку СМС и е-пошта.
- Дебитната картичка се изработува по отворањето на сметката и ќе можеш да ја подигнеш во експозитурата што си ја одбрал.
- Ќе добиеш СМС порака веднаш штом картичката биде подготвена за подигнување.
- Отворањето на С Пакет онлајн е бесплатно.
- Да. OneID е официјално средство за електронска идентификација, сите податоци се пренесуваат криптирано, а електронскиот потпис има иста правна важност како своерачниот потпис.
Напомена:
Носители на јавни функции, лица со U.S. индиции, странски државјани, лица со привремен престој и малолетни лица, постапката за отворање на платежна сметка може да ја продолжат единствено во најблиската експозитура на Банката. Отворање на платежна сметка со основни функции се извршува единствено во експозитура.