
ОНЛАЈН ДЕПОЗИТ
Брзо, лесно и едноставно
Отворете Онлајн депозит за неколку минути!
Со само неколку чекори, преку вашата мобилна апликација S-Banka или NetBanking, сега можете брзо и едноставно да отворите депозит. Без посета на експозитура, со автентикација преку OneID, се со цел непречено користење на услугите на Банката.

1. Креирајте OneID сертификат со инсталирање на апликацијата OneID

2. Најавете се на S-Banka и во "Онлајн услуги" одберете депозит
3. Внесете ги соодветно во полињата бараните податоци според вашите потреби
4. Потпишете го договорот за отворање на депозит со OneID
Промотивни каматни стапки на Онлајн депозит
“ОНЛАЈН Депозит во МКД “ на 13 и 25 месеци.
Депонентите кои ќе орочат нов ОНЛАЈН депозит во денари добиваат:
- 3,20% фиксна годишна каматна стапка за денарско штедење на 25 месеци.
- 3,00% фиксна годишна каматна стапка за денарско штедење на 13 месеци.
“ОНЛАЈН Депозит во ЕУР “ на 12 и 25 месеци.
Депонентите кои ќе орочат нов ОНЛАЈН депозит во евра добиваат:
- 2,40% фиксна годишна каматна стапка за штедење на 25 месеци.
- 2,20% фиксна годишна каматна стапка за штедење на 12 месеци.
Туторијал: Како да отвориш Онлајн депозит?
Брзо, лесно и едноставно
Со онлајн депозитот, можете лесно и сигурно да префрлите средства на Вашата сметка – директно преку S-Banka мобилната апликација, без посета на експозитура.
За да Ви помогнеме, подготвивме краток водич кој ве води низ сите чекори – од најавa на S-Banka, до потврда на депозитот.
Предности:
- Достапност 24/7
- Високо ниво на безбедност
- Брза обработка
- Лесен преглед на трансакции
Погледнете го водичот за онлајн депозит тука ➡️
Основни карактеристики на Онлајн депозит
- Валута на орочување: МКД и ЕУР
- Рок на орочување: 13 и 25 месеци за МКД и 12 и 25 месеци за ЕУР
- Корисници: Полнолетни лица, резиденти, корисници на мобилно банкарство S-Banka и/или електронско банкарство NetBanking
- Тип на каматна стапка: ФИКСНА
- Минимален износ за отворање на депозитот: 3.000 МКД / 100 ЕУР
- Максимален износ на вложување на депозитот: неограничено
- Начин на исплата на камата: рочна (на крај на рок на орочување) со можност каматата да се прима на депозитна или платежна сметка
- Метод на пресметката на камата: комфорна 365 дена според број на денови во период
Пресметајте го приносот од депозитот
Често поставувани прашања
- Предвремено делумно повлекување на средства не е дозволено.
- Средствата од депозитната сметка може да се подигнат само целосно и во тој случај се раскинува Договорот за Онлајн депозит.
- Нема можност за дополнителни уплати по отварањето на депозитот.
- Не, онлајн депозитот нема можност за автоматско реорочувње.
- Депозитот може да се разорочи на шалтер во некоја од експозитурите на Банката.
- Аплицирањето за Онлајн депозит е достапно 24/7, освен во периодот помеѓу 23:45 и 00:15 часот.
- Сите депозитни сметки се осигурани во Фонд за осигурување на депозити (осигурувањето на депозити е до 30.000 ЕУР по депонент во банка).