Отвори платежна сметка online

Целосно дигитално и за помалку од 10 минути!

Отвори платежна сметка, добиј дебитна картичка и активирај ја S-Banka апликацијата - сè во еден едноставен online процес преку OneID.

Без хартија, без чекање, од каде било.

Потребни ти се само лична карта, телефон и OneID профил.

Што добиваш со С Пакет?

Сè што ти треба за секојдневно банкарство - во еден пакет:

  • Платежна сметка во денари - активна следниот работен ден по потпишувањето.
  • Дебитна картичка - за плаќање во земјата, странство и онлајн.
  • S-Banka мобилна апликација - целосна контрола на финансиите, 24/7, директно од телефон.
  • 2 бесплатни повлекувања месечно на банкомати на други банки во земјата.
  • Неограничени бесплатни повлекувања на банкоматите на Erste и Sparkasse групацијата.

Патуваш во Хрватска, Австрија, Србија или Црна Гора? Повлекувај готовина без надомест на илјадници банкомати од групацијата.

ЗОШТО ONLINE?

  • Без чекање во ред. Твоето време е највредниот ресурс - отвори сметка кога тебе ти одговара - навечер, за викенд, од дома или од работа.
  • Безбедно и сигурно. Идентификацијата преку OneID е официјално средство за електронска идентификација, а целиот процес се одвива во безбедна и заштитена околина на Банката.
  • Сè одеднаш. Не отвораш само сметка - добиваш комплетно банкарско решение - сметка, картичка и мобилно банкарство, подготвени за користење.

ЧЕТИРИ ЧЕКОРИ ДО ТВОЈОТ С ПАКЕТ

Идентификувај се со OneID

Ако веќе имаш OneID профил, најави се. Ако немаш, преземи ја OneID апликацијата и креирај електронска идентификација за неколку минути.

Пополни ги податоците

Внеси ги потребните податоци во едноставна онлајн апликација. Дел од нив автоматски и безбедно се преземаат преку OneID.

Потпиши електронски

Прегледај ги и потпиши ги документите дигитално - без печатење, без хартија и без доаѓање во експозитура.

 

Готово - сметката е активна

За помалку од 10 минути го завршуваш процесот и добиваш пристап до S-Banka апликацијата и твојата нова сметка.

Напомена:

Носители на јавни функции, лица со U.S. индиции, странски државјани, лица со привремен престој и малолетни лица, постапката за отворање на платежна сметка може да ја продолжат единствено во најблиската експозитура на Банката. Отворање на платежна сметка со основни функции се извршува единствено во експозитура.

За полесна навигација низ процесот, подготвивме краток видео туторијал кој Ве води низ сите чекори – од најава, до поднесување на апликацијата и успешно отворање на С Пакетот.

Погледнете го видео туторијалот за онлајн onboarding тука ⬇️⬇️

Често поставувани прашања