
ОНЛАЈН КРЕДИТ ЗА 10 МИНУТИ!
Аплицирај за онлајн потрошувачки кредит во Шпаркасе Банка!
Шпаркасе Банка воведе нова, современа услуга наменета за уште поголема удобност на своите клиенти - Онлајн потрошувачки кредит, достапен во секое време и од кое било место!
Следејќи ги современите дигитални трендови и потребата за брзи и едноставни банкарски решенија, Банката овозможува процес кој значително го поедноставува аплицирањето за кредит.
Со само неколку чекори преку мобилната апликација S-Banka или Net Banking, клиентите можат брзо, сигурно и едноставно да поднесат барање за онлајн потрошувачки кредит, без губење време.
Процесот е целосно дигитализиран и прилагоден на динамичниот начин на живот, овозможувајќи им на корисниците да управуваат со своите финансии кога им е најпогодно.
Креирајте OneID сертификат со инсталирање на апликацијата OneID
Најавете се на S-Banka и во онлајн услуги одберете кредити
Пополнете ги полињата со бараните податоци според вашите потреби
Потпишете го договорот за Вашиот потрошувачки кредит
Аплицирањето се одвива без посета на експозитура, а сигурната автентикација преку OneID гарантира високо ниво на заштита и доверливост на податоците. Со оваа услуга, Шпаркасе Банка дополнително ја потврдува својата посветеност кон обезбедување модерни, безбедни и лесно достапни банкарски услуги, со цел непречено и ефикасно користење на сите банкарски производи.
Промотивен период
Фиксна каматна стапка за целиот период на отплата – промотивна каматна стапка од 5,20%;
ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ОНЛАЈН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ
- Износ на кредит од 12.000 до 900.000 мкд;
- Период на отплата од 6 до 95 месеци;
- Фиксна каматна стапка за целиот период на отплата;
- Без трошок за апликација;
- Без административен трошок;
- Без трошок за МКБ;
- Без полиса за осигурување;
- Целосен end-to-end дигитализиран процес на одобрување;
- По одобрувањето на барањето за кредит, средствата од кредитот ќе бидат достапни на платежната сметка на клиентот за помалку од 10 минути.
КАКО ДО ОНЛАЈН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ЗА 10 МИНУТИ?
Брзо, лесно и едноставно
Со онлајн потрошувачкиот кредит, сега можете да аплицирате за кредит за само неколку минути – директно преку S-Banka мобилната апликација или Net Banking, без посета на експозитура.
За полесно аплицирање, подготвивме краток видео туторијал кој ве води низ сите чекори – од најава, до поднесување на апликацијата и потврда на кредитот.
Предности:
✔ Достапност 24/7
✔ Брза и едноставна апликација
✔ Високо ниво на безбедност
✔ Одобрување без непотребна документација
✔ Средствата директно на Вашата сметка
Погледнете го видео туторијалот за онлајн потрошувачки кредит тука ➡️ ➡️