ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА - КРЕДИТИ
Одговори на најчесто поставувани прашања.
- Шпаркасе Банка одобрува кредити за физички лица кои се во редовен работен однос и кои се приматели на плата. Клиент кој не е примател на плата може да аплицира за кредит под услов да ја префли платата во рок од 45 дена од одобрување на кредитот. Пензионери кои се приматели на пензија во Шпаркасе Банка исто така може да аплицираат за кредит.
- Фиксната каматна стапка е непроменлива во наведениот период од отплатата на кредитот.
- Варијабилната каматна стапка е променлива во наведениот период од отплатата на кредитот и е врзана со референтна каматна стапка. Референтната каматна стапка се менува секој 01.01 и 01.07 во годината и со тоа директно влијае на висината на варијабилната каматна стапка. Денарските кредити се врзани со референтна каматна стапка 6-месечен СКИБОР, а девизните кредити со шестмесечен ЕУРИБОР.
- Максималниот износ на кредит кој може да се одобри за кредитно барање зависи од индивидуалните карактеристики на производот, вкупните месечни примања на клиентот и од кредитниот рејтинг на клиентот.
- Кај потрошувачките кредити провизијата за предвремена отплата на кредитот изнесува 0%.
- Кај станбените кредити провизијата за предвремена отплата на кредитот изнесува 0% доколку се ликвидира со сопствени средства и 5% од остатокот на долгот доколку се ликвидира со средства од друга банка.
- Кај хипотекарните кредити провизијата за предвремена отплата на кредитот изнесува 2% од остатокот на долгот доколку се ликвидира со сопствени средства и 5% од остатокот на долгот доколку се ликвидира со средства од друга банка.
- План на отплата е преглед на месечни отплати кој во износот содржи дел од главницата и дел од каматата која се отплаќа. Во него се дефинирани информации за Вашиот кредит како: каматна стапка, број на ануитети, износ на ануитетите, трошоци за кредитот, СВТ и сл.
- Стапка на вкупни трошоци и претставува дисконтна стапка изразена на годишно ниво како однос на вкупните трошоци на кредитот и вкупниот износ на кредитот (изразена со две децимали). Во оваа пресметка спаѓаат сите трошоци поврзани со кредитот како што се трошоци за обработка на кредит, трошоци за апликација, провизии поврзани со кредитот и трошоци за полисите за осигурување (доколку ги има).
- Месечниот ануитет треба да се плати на датумот наведен во добиениот амортизационен план од страна на Банката.
- Покрај посета на експозитура, може да се аплицира за кредит и онлине со посета на веб-страната на Банката .
- Наменски кредит е кредит кај кој средствата се користат целосно наменски т.е. по исплата на средствата од кредитот целосно се пренесуваат на сметка на продавачот на имот. Ваков тип на кредит е станбениот кредит.
- Ненаменски кредит е кредит кај кој средствата од кредитот, по исплата на истиот, клиентот ги добива на својата платежна сметка и стојат целосно на располагање за потребите на клиентот. Вакви типови на кредит се потрошувачкиот и хипотекарниот кредит.
- Со оглед на тоа дека потребниот износ го надминува максималниот износ кој може да се одобри како потрошувачки кредит, на клиентот може да му се одобри хипотекрен кредит. Овие средства клиентот ќе ги добие на својата платежна сметка и ќе може да ги користи по свои потреби и во време кога ќе му бидат потребни.