
Дозволено пречекорувањe по платeжна сметка
Единствен начин за дополнување на буџетот и покривање на непредвидени трошоци
Aплицираj онлајн за дозволено пречекорување! Брзо, едноставно и сигурно.
Клиентите на Шпаркасе Банка сега можат целосно онлајн да поднесат барање за дозволено пречекорување директно преку мобилната апликација S‑Banka, без посета на експозитура. Со само неколку чекори, преку сигурен и интуитивен процес, добивате брз пристап до дополнителни средства – секогаш кога ви се потребни, каде и да се наоѓате.
Со услугата Дозволено пречекорување од Шпаркасе Банка, добивате сигурна финансиска поддршка секогаш кога ви е најпотребна. Оваа услуга ви овозможува да користите дополнителни средства над состојбата на вашата платежна сметка, до однапред одобрен лимит.
Дозволеното пречекорување е едноставно и практично решение за покривање на тековни или непланирани трошоци, без потреба од дополнителни административни постапки при секое користење. Средствата ви се достапни во секое време – преку картичка, електронско или мобилно банкарство.
Карактеристики на дозволено пречекорување
- Висина на лимитот до максимални 500.000 мкд или 5 месечни плати/3 месечни пензии
- Одобрено на 12 месеци , со автоматско годишно продолжување
- Променлива каматна стапка ( референтна каматна стапка за пресметка на законска камата +8%)
- трошок за проверка на МКБ -450мкд
- трошок за апликација-200 мкд
- Надоместок за управување -1% годишно на одобрениот износ
- По одобрување на барањето, дозволеното пречекорување ќе ви биде достапно на вашата сметка за помалку од 10 минути
* Онлајн услугата е наменета за клиенти кои најмалку шест месеци примаат плата/пензија на платежна сметка во Шпаркасе Банка.
Основни информации
Годишна променлива каматна стапка
12,00 % (референтна каматна стапка за пресметка на казнена камата на НБРСМ +8%) се пресметува и се наплатува месечноРок
1 година можност за автоматска обноваЛимит
до 5 плати во согласност со интерните процедури на БанкатаЛимити на дозволено пречекорување
- Вработени лица со редовни месечни приходи - до 5 плати
- Приматели на пензија - до 3 плати
* Онлајн – клиенти со редовни месечни примања кои најмалку шест месеци примиле плата/пензија на платежна сметка во Шпаркасе Банка
* Експозитура – клиенти со редовни месечни приходи во изминатите шест или повеќе месеци, по примена една плата на сметка во Шпаркасе Банка
Како да аплицирате за услугата?
Во некоја од експозитурите на Банката
Преку мобилната апликација S-Banka
Како до онлајн дозволено пречекорување за неколку минути?
Услугата Дозволено пречекорување преку S‑Banka овозможува брз и едноставен пристап до дополнителни средства директно од вашиот мобилен телефон.
Без посета на банка и без сложени процедури, можете целосно дигитално да аплицирате, да ги прегледате условите и да го потпишете договорот, со што за неколку чекори добивате активен лимит на вашата сметка.
- Брза и едноставна апликација – целиот процес се завршува онлајн за неколку минути
- Достапност 24/7 – аплицирајте кога ви одговара, без ограничувања
- Сигурен дигитален процес – потпис преку OneID сертификат
- Флексибилен избор на износ – сами го одредувате лимитот според вашите потреби
- Моментален пристап до средства – одобрениот износ е веднаш достапен за користење
Погледнете го процесот во видео туторијалот ⬇

