ЕКО КРЕДИТ, ЗА ЕКО ДОМ!

Потрошувачки кредити за енергетска ефикасност во рамки на Програмата за Финансирање на Зелената Економија (GEFF) на Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР).

Програмата за Финансирање на Зелената Економија (GEFF) e проект воспоставен од ЕБОР со намена за помош на финансирање на инвестиции во зелена економија во станбениот сектор, кофинансиран од Европската Унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, Австрија, Јапонија и Австрија и Швајцарија преку Партнерството со високо влијание врз климатската акција (HIPCA).

Искористете ги поволностите со наменските ЕКО кредити за унапредување на енергетската ефикасност во Вашите домаќинства.

Успешно имплементирани и потврдени проекти се прифатливи за инвестициски грантови до 20% од инвестиционата вредност.

Основни карактеристики

Максимален износ на кредит

до 50.000 EUR

Рок на отплата

95 месеци за потрошувачки кредит / 240 месеци за хипотекарен кредит

Административен трошок

2%-2.5% во зависност од износот на кредитот

Кои технологии се прифатливи за финансирање и можност за грант?

Селекторот на технологија е online каталог на енергетско ефикасни технологии со високи перформанси кои се веќе одобрени како прифатливи за финансирање од страна на GEFF. Вклучени се следните категории на технологии:

  • Прозори, врати и застаклување
  • Изолација
  • Печки/котли на биомаса
  • Соларни колектори за топла вода
  • Фотоволтаични системи
  • Топлински пумпи
  • Осветлување
  • Балансирана механичка вентилација
  • Акумулациони бојлери за топла вода

Прифатливите проекти вклучуваат финансирање на технологии од Селекторот на технологија, како и трошоци за помошни материјали, достава и инсталација до дефинираниот максимален процент од трошоците за технологијата.

Каматна стапка

Фиксна
 

за првите три години

почнувајќи од 7,5%

 

Променлива

по истекот на фиксниот период

почнувајќи од 7,75% зависно од интерниот рејтинг на клиентот

Трошоци

Трошок за аплицирање

700 МКД еднократен трошок за хипотекарен кредит/потрошувачки кредит

Провизија за користење на податоци од МКБ

450 МКД еднократен трошок

Обезбедување за кредитот

До 8.000,00 ЕУР- без жиранти, со административна забрана од платата на корисникот на кредитот.

Над 8.001,00 ЕУР: 

  • Хипотека на недвижен имот
  • Задолжително обезбедување на полиса за осигурување на недвижниот имот винкулирана во корист на Банката како и проценка на недвижниот имот од овластени судски проценители