Лизинг за млади

Првото возило е повеќе од автомобил – тоа е чувство на слобода, независност и нови можности.

Затоа го создадовме Лизингот за млади – со специјални поволности за клиенти до 28 години.

Со поповолни услови и решение прилагодено на твоите потреби, патот до твоето прво возило станува полесен и подостапен.

Без разлика дали одиш на факултет, ја започнуваш својата кариера или едноставно сакаш свое возило, сега можеш да направиш паметен избор без да го оптовариш својот буџет.

Започни го твоето следно поглавје зад воланот. Искористи ги поволностите дизајнирани специјално за младите до 28 години и вози со повеќе слобода, сигурност и самодоверба уште од првиот ден.

Услови и карактеристики за финансирање на патнички возила

  • Учество – минимум 10% од бруто вредност на возилото ( согласно важечките процедури мин. 20%)
  • Каматна стапка – 6,00%
  • Трошок за обработка –  0,75% ( согласно важечки тарифник 1,50%,  намален за 50%)
  • Рок на финансирање за нови возила – max 120 месеци
  • Рок на финансирање за поволни возила – на крајот од договор за лизинг возилото да е старо максимум 144 месеци
  • Каско и авто одговорност – можност за плаќање до 12 рати без камата;
  • Предвремена отплата по истекот на 12тиот месец од склучување на договорот и без провизија за предвремена отплата;
  • Максимално учество до 49% од бруто вредност на возилото;
  • Корисникот на лизинг треба да биде државјанин и да има постојано место на живеење на територијата на РМ и да е на возраст од 18 до 28 години и е во редовен работен однос;

*Поволностите на овој продукт може да се искористат и од невработени лица на возраст од 18 до 28 години, во вакви случаи, предвидено е да може член на потесно семејство (родители, брат/ сестра, сопружник или партнер/ка), кој е во редовен работен однос, да аплицира за овој продукт. Во вакви случаи, (невработеното лице) ќе биде потребно да биде вклучен во договорот за лизинг како гарант, додека вработеното лице би било Корисник на лизинг.

*Овие услови важат исклучиво за финансирање на патнички возила (автомобили).

Информативна калкулација за финансиски лизинг за млади 

Забелешки

  • Основа за пресметка за закупот – 6 месечен EURIBOR.
  • Напомена: Сите износи се пресметани во евра, а се плаќаат во денари по курс: Продажен курс на ШПАРКАСЕ БАНКА АД Скопје на денот на уплатата.
  • За периодот од потпишување на Договорот за лизинг до доспевање на првата рата, на Корисникот на лизинг се пресметува надомест за користење на предметот на лизинг (интеркаларна камата зголемена за износот на Данокот за додадена вредност), за што ќе биде издадена посебна фактура.
  • Ратите доспеваат за наплата секој први во месецот.
  • Уплата по почеток: учество, трошоци за обработка и трошоци за Централен регистар.