
Аплицирај за потрошувачки кредит од Шпаркасе Банка
- Максимален износ до 2,4 милиони МКД
Потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка за 95 месеци
- МАКСИМАЛЕН ИЗНОС ДО 2,4 МИЛИОНИ МКД
- Фиксна каматна стапка почнувајќи од 5,2% за целиот период на отплата
- Без жиранти
- Рок на отплата до 95 месеци
- Полиса: месечна, ЦПИ или еднократна 3% во зависност од работодавачот
- Каматната стапка за потрошувачкиот кредит важи при користење на пакет-понуда (дозволено пречекорување и кредитна картичка)
- Можност за бесплатен СМАРТ пакет до крај на година
Дополнителна бенефиција за сите клиенти е „Рати по твој избор!“, односно можност клиентите да направат избор на висината на ратата во оние месеци во кои тие имаат потреба и/или можност да плаќаат повисока или пониска месечна рата.
Наместо фиксна висина на рата што не се менува, клиентите при аплицирање за кредит може да изберат периоди кога сакаат пониска или повисока рата, а со фиксна камата.
„Рати по твој избор!“ важи во фиксниот каматен период, а тоа овозможува јасна предвидливост и сигурност во планирањето.
Прецизни пресметки за динамиката на отплата на кредитот, согласно своите потреби, клиентите може да добијат во било која експозитура на Шпаркасе Банка.
Која е ратата по твој избор?
Со цел да одберете опција што најмногу одговара на вашиот буџет, подолу се прикажани 4 модели на отплата.
Разликата е во висината на месечната рата во одредени периоди (намалена рата 25% во прва година, првите 6 месеци годишно или последната година).
Како да изберете?
✔ Целосна стабилност и иста рата секој месец → Регуларен план
✔ Пониско финансиско оптоварување на почетокот (доколку имате почетни трошоци, инвестиција, адаптација и сл.) → Намалување во првата година
✔ Пониски рати при крајот на кредитот (подобро планирање на завршница на обврските, пензионирање и сл) → Намалување во последната година
✔ Флексибилност според ваши сезонски приходи (на пример, ако имате повисоки приходи во одредени месеци од годината) → Намалување во избрани месеци во годината – прилагодено решение според вашиот паричен тек
ℹ️ Приказот е пример со цел да се објасни како функционира нееднаквиот ануитет. За точни ценовни услови и рочност се изработува индивидуална пресметка во експозитура.
Основни карактеристики
Фиксна каматна стапка за целиот период на отплата
почнувајќи од 5,2%Максимален износ
до 2 400 000 МКДОбезбедување
без жиранти / без хипотекаКаматна стапка
Фиксна за целиот период на отплата почнувајќи од 5,2%
За потрошувачки кредит во износ од 2.400.000 МКД и со рок на отплата од 95 месеци со фиксна каматна стапка за целиот период и вклучено кредитно животно осигурување, СВТ изнесува 6,27%.
Врз висината на годишната стапка на вкупните трошоци (СВТ), влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ , висината на договорната каматна стапка и износот на полисата за кредитно животно осигурување.
Искористи го калкулаторот со цел да добиеш информативна пресметка на месечна рата за S Plus - потрошувачки кредит.
Обезбедување за кредитот
До 600 000 МКД - без жиранти, со административна забрана од платата на корисникот на кредитот.
Над 600 000 МКД - солемизација на Договорот за кредит на Нотар и административна забрана од платата на корисникот на кредит/жирант.
Дополнително задолжително обезбедување независно од износот од кредитот е полиса за животно/неживотно осигурување од ВИНЕР ЛАЈФ АД Скопје или ВИНЕР Виена Иншуренс Груп АД Скопје