Аплицирај за Станбен кредит во денари

Станбен кредит во денари со фиксна каматна стапка за првите 10 години

  • Фиксна каматна стапка за првите 10 години од 3,6%. 
  • Максимален износ на кредитот до 24.600.000,00 МКД со рок на отплата до 360 месеци
  • Сопствено учество почнувајќи од 15% зависност од видот на полисата
  • Можност за вклучување на полиса за животно осигурување
  • Каматната стапка важи при користење на пакет-понуда (дозволено пречекорување и кредитна картичка)
  • Можност за бесплатен СМАРТ пакет до крај на година

Дополнителна бенефиција за сите клиенти е „Рати по твој избор!“, односно можност клиентите да направат избор на висината на ратата во оние месеци во кои тие имаат потреба да плаќаат пониска месечна рата.

Наместо фиксна висина на рата што не се менува, клиентите при аплицирање за кредит може да изберат во првите години од отплатата да плаќаат пониска рата со фиксна камата, а потоа да ја зголемат висината на ратата.

“Рати по твој избор!“ важи во фиксниот каматен период, а тоа овозможува јасна предвидливост и сигурност во планирањето.

Која е ратата по твој избор?

Со цел да одберете опција што најмногу одговара на вашиот буџет, подолу е прикажана опција со намален ануитет.

Опции на отплата:

1️⃣ Регуларен амортизационен план

·         Иста месечна рата во текот на целиот период

·         Стабилност и лесно планирање

2️⃣ Намален ануитет на почетокот

·         Пониска рата во првата година

·         Повисока рата по истекот на намалениот период

·         Повеќе финансиска флексибилност при вселување

Кога е погоден намалениот ануитет?
✔ Кога имате дополнителни трошоци (мебел, адаптација)
✔ Кога очекувате зголемување на приходите

ℹ️ Приказот е пример со цел да се објасни како функционира нееднаквиот ануитет. За точни ценовни услови, рочност и избор на фиксна или варијабилна каматна стапка, се изработува индивидуална пресметка во експозитура.

Основни карактеристики

Максимален износ

до 24 600 000 МКД

Рок на отплата

до 360 месеци

Провизија за аплицирање

900 МКД

Каматна стапка

Фиксна
 

Почнувајќи од 3,6% за првите 10 години

Променлива
(врзана за 6м. Скибор + маргина)

по истекот на фиксниот период

почнувајќи од 4,9% во зависност од интерниот рејтинг на клиентот

Искористи го калкулаторот со цел да добиеш информативна пресметка на месечна рата за станбен кредит во денари со фиксна каматна стапка за првите 10 години.

Обезбедување за кредитот

  • Сопствено учество почнувајќи од 15%
  • Хипотека на стан/куќа
  • Винкулирана полиса за осигурување на имотот во корист на Банката

Трошоци

Административен трошок

4000 МКД еднократен трошок

Провизија за користење на податоци од МКБ

450 МКД еднократен трошок